Поточно, снимката во која се наведува дека ќе прогласи вонредна состојба, а особено делот каде вели дека очекува и најавува помош од Кина со лекови, опрема и доктори, се емитуваше во медиумите во Кина и на социјалната мрежа Веибо.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 март, 2020 18:02

КИНЕЗИТЕ ВООДУШЕВЕНИ ОД ВУЧИЌ: Ќе и помогнеме на Србија, ние сме браќа!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчерашното обраќање на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој  последно истакна дека ќе побара помош од Кина наместо во Европската унија, односно од претседателот Си Џипинг, кого го нарече брат, доби огромна резонанца.

Владата на Србија вчера донесе Одлука за ограничување на нивото на цените на основните прехранбени производи, заштитна опрема и средства за дезинфекција, а списокот содржи 36 категории на производи.

Поточно, снимката во која се наведува дека ќе прогласи вонредна состојба, а особено делот каде вели дека очекува и најавува помош од Кина со лекови, опрема и доктори, се емитуваше во медиумите во Кина и на социјалната мрежа Веибо.

Видеото доби лавина коментари од кинески граѓани кои ја поддржуваат Србија, и веднаш побараа  помош да биде испратена до пријателската земја.

Најчестите коментари беа „Да и помогнеме на Србија“, „Треба да им помогнеме“, „Секако дека ќе ви помогнеме“, „ние сме вистински браќа“, „ние сме пријатели“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, откако прогласи вонредна состојба, рече дека побарал помош од кинескиот претседател Си Џипинг, гарантирајќи му го вечното пријателство со малата Србија.

Побаравме од Кина дури да ни испратат лекари. Не смееме да дозволиме влез во болници и затоа болниците ќе бидат чувани од војската. Ниту еден лекар нема да биде нападнат, никој нема да може да влезе во болници. Армијата ќе биде веднаш до најважните објекти, најави тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.