понеделник, 6 мај 2024

MK/ EN/ DE



На конференцијата за медиумите, премиерот Ковачевски, кој единствен говореше прво на мајчин, македонски јазик потенцираше дека моменталниот француски предлог не е прифатлив за Владата, ниту за претседателот на државата, за коалиционите партнери и за граѓаните на Македонија.

Објавил: Перо Милчин | 23 јуни, 2022 16:47

Ковачевски од Брисел: Францускиот предлог е неприфатлив, мојот народ мора да се почитува

Фото/Текст извор: ©kanal 5

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, со претседателот на Србија Александар Вучиќ и албанскиот колега, премиерот Еди Рама, денеска во Брисел во рамки на Самитот на Европската Унија за Западен Балкан, одржаа заедничка прес-конференција.

На конференцијата за медиумите, премиерот Ковачевски, кој единствен говореше прво на мајчин, македонски јазик потенцираше дека моменталниот француски предлог не е прифатлив за Владата, ниту за претседателот на државата, за коалиционите партнери и за граѓаните на Македонија.

Во продолжение ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Ковачевски во целост:

„Денешниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан беше форум на кој ги разгледавме отворените прашања од национален и регионален интерес за Западен Балкан за последните геостратешки предизвици. Руската агресија во Украина претставува закана за сите земји во регионот и во овој контекст проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан треба да се гледа како неопходност, но и како влог во безбедноста на ЕУ.

Имајќи ги предвид околностите во кои се наоѓаме на Самитот денеска изразив незадоволство од динамиката со која се одвиваат процесите за пристап и отпочнување на преговори. Македонија е земја кандидат 17 години, договорот за асоцијација и стабилизација го потпишавме точно пред 21 година, во март 2020. Европскиот совет донесе одлука за безусловен старт на преговорите меѓу ЕУ и Македонија.

Но, еве сме тука денес, а преговорите сѐ уште не се започнати.

Ќе бидам директен, ова што се случува е сериозен проблем и сериозен удар врз кредибилноста на ЕУ. Губиме драгоцено време кое реално го немаме на располагање.

Македонија и Албанија, но и регионот не смееме да дозволиме да тапкаме во место поради една земја-членка која едноставно не успева да се искоординира и да обезбеди деблокирање на нашиот европски пат.

Не смееме да дозволиме билатералните прашања да станат мултилатерални проблеми.

Македонија е земја која светот денес ја препознава како земја која успева преку отворен дијалог да разреши горливи и тешки прашања.

Како земја, која е посветена на изнаоѓање на заеднички прифатливи решенија кои се базирани на европските вредности и достоинство на граѓаните.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.