Ова беа сите претседатели, после осамостојувањето на Република Македонија како независна држава.

Објавил: Перо Милчин | 2 февруари, 2019 19:04

Кои беа сите претседатели на Република Македонија, пред да биде Северна ?

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

Институцијата претседател на Македонија е воведена по прогласувањето на независноста на државата на 8 септември 1991 година.

Ова беа сите Македонски претседатели, после осамостојувањето на Република Македонија како независна држава.

Овластувањата на Претседателот на Македонија главно се церемонијални. Претседателот на Македонија мора да биде државјанин на истата, да е на возраст од барем 40 години и да живеел во Македонија најмалку 10 години во последните 15 години. 

Киро Глигоров

Киро Глигоров, родено име Киро Панчев, (Штип, 3 мај 1917 – Скопје, Македонија, 1 јануари 2012) — активист на македонското студентско и комунистичко движење, македонски и југословенски економист, политичар и државник, прв претседател на самостојна и независна Република Македонија.

Во февруари 1990 година се вклучил во Македонскиот форум за подготовка на македонска национална програма. Глигоров активно учествувал во работата на овој форум на кој се разгледувала ситуацијата во Југословенската федерација и можностите за разврската со осамостојување на Социјалистичка Република Македонија. По изгласувањето на Декларацијата за сувереност на државата, на 25 јануари 1991 година, Глигоров бил избран за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија од страна на Собранието на Република Македонија на 27 јануари 1991 година. На 7 март му го доверил мандатот на Никола Клусев за формирање на првата влада. Глигоров имал активна улога во процесот на политичкото осамостојување на Македонија и нејзиното меѓународно признавање. Така тој бил автор на прашањето поставено на референдумот одржан на 8 септември 1991 година: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија? Според тврдењето на тогашниот претседател на Собранието на Република Македонија, Стојан Андов, во август 1991 година тој имал долг и тежок разговор со претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров (кој бил автор на референдумското прашање), убедувајќи го да го избрише вториот дел од референдумското прашање. Плашејќи се од воената интервенција од страна на ЈНА, Глигоров останал на својата формулација на референдумското прашање.Глигоров беше оженет со Нада Глигорова, ќерка на Стојан Мишев. Киро Глигоров беше најстариот македонски политички функционер. На 17 ноември 1999 година, кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како најстар претседател на држава во светот. Глигоров починал во длабока старост, 94 години, на 1 јануари 2012 година во својот дом во Скопје. 

 

Борис Трајковски

Борис Трајковски (Струмица, Македонија, 25 јуни 1956 – Мостар, Босна и Херцеговина, 26 февруари 2004 — македонски политичар и втор претседател на Македонија, од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година, кога неговиот мандат завршил со трагичната смрт во авионска несреќа. Траjковски исто така беше претседател на Комисијата за надворешно – политички односи на ВМРО-ДПМНЕ, главен политички советник за надворешна политика на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, член на Претседателството на невладината организација Паневропско движење за Република Македонија, член на меѓународната конференција: “Решавање на конфликти” со седиште во Атланта, САД, учествувал на многубројни меѓународни конференции со тема решавање на конфликти, религиозна толеранција, религиозна слобода, бил претседател на младината на Обединетата методистичка црква во поранешна Југославија повеќе од 12 години. За претседател на Република Македонија беше избран на претседателските избори во 1999 година. Многумина Македонци сметаат дека претседателот Трајковски загинал под неразјаснети околности, незадоволни од официјалното објаснување дека се работи за грешка на пилотот во авионот. Постојат шпекулации дека тој можеби бил жртва на атентат.
Рејтингот на Трајковски дури беше претседател беше доста низок, но по несреќата што му се случи неговиот углед нагло порасна. Генералното мислење за Трајковски по неговата смрт не е далеку од изјавата што стои на официјалниот сајт на Меѓународната фондација.

 

 Бранко Црвенковски

Бранко Црвенковски (12 октомври 1962 во Сараево, СР БиХ) — македонски политичар од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и поранешен претседател и премиер на државата. Во текот на својата политичка кариера бил премиер на Македонија во периодот од 1992 до 1998 и од 2002 до 2004 година, како и претседател на Македонија од 2004 до 2009 година.Во 1990 година, на првите повеќепартиски избори во Македонија, која сè уште се наоѓала во рамките на СФР Југославија, избран бил за шеф на Изборниот штаб на СДСМ, а по ова и за пратеник во првиот состав на Собранието. Како пратеник во првиот состав на македонскиот парламент Црвенковски бил потписник на иницијативата за распишување референдум за независна Македонија. Претходно, Црвенковски бил Директор на Семос.
Во април 1991 година Црвенковски бил избран за претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. На 5 септември 1992, тој станал вториот премиер на Република Македонија по нејзиното осамостојување од Југославија. Со 29 години, тој бил најмладиот премиер во Европа во тој период. Како премиер и политичар, Бранко Црвенковски ја промовирал идејата за учество на партиите на Албанците во Владата на Република Македонија. Тој успеал да формира широка коалиција со Либералната партија, Социјалистичката партија и Партијата за демократски просперитет, во која членувале само Албанци. 

На третите вонредни Претседателски избори во Република Македонија, во вториот круг одржан на 28 април 2004, Бранко Црвенковски бил избран за претседател на државата.

 

Ѓорге Иванов

Ѓорге Иванов (2 мај 1960 во Валандово) — претседател на Македонија, избран на претседателските избори во 2009, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. На функцијата стапил на 12 мај 2009, а за втор мандат бил избран во 2014 година. Претходно бил професор по право и политикологија на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје. Иако во младоста се интересирал за технички науки, завршил право на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Извесно време работел како новинар во МРТ, а бил и член на подмладокот на Сојуз на комунистите на Југославија. Во 1998 станал професор на Правниот факултет во Скопје, а ја извршувал и функцијата продекан на факултетот во еден мандат. Пред да стане претседател, имал левичарски убедувања и бил активен во невладиниот сектор како член на управниот одбор во фондацијата Отворено Општество.
За време на претседателските избори во 2009, Иванов добил поддршка од повеќемина јавни личности од академската, политичката, културната, и спортската фела. На неговата прва инаугурација присуствувале претседателите на Србија, Хрватска, Албанија, и Црна Гора. Имал затегнати односи со косовскиот претседател, поради промена на поканата од официјална во работна. Во 2014 освоил втор претседателски мандат, но не бил признат од СДСМ поради обвинувања за изборен фалсификат и од ДУИ поради немање поддршка од Албанците во Македонија. За време на вториот мандат ги заладил односите со ЕУ и Германија, обвинувајќи ги за неажурност во справувањето со европската мигрантска криза. Неговата одлука во април 2016 за општа аболиција на сите осомничени од страна на СЈО ја предизвикало Шарената револуција, повеќемесечни протести низ повеќе градови во Македонија против претседателскиот акт. Одлуката ја повлекол во јуни, но ги обвинил опозицијата и странските амбасадори за внесување на земјата во политичка криза.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Историја

Воедно, тој посочи дека ги имаа контактирано сите канцеларии на седумте потписници на Охридскиот рамковен договор и дека не успеал да го обезбеди оригиналниот документ.

ТЕТОВЕЦОТ ИЛИР ЛУМА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ 20 ГОДИНИ ЧУВАЛ ПРИМЕРОК ОД ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР

Илир Лума од Тетово, поранешен член на ПДП, во последните 20 години во домашни услови...

Во врска со моменталната ситуација со македонско - бугарските односи премиерот Заев истакна дека непринципиелната позиција на Бугарија спречи овозможување на првата меѓувладина конференција со ЕУ со што требаше да биде означен почетокот на преговорите.

ЗАЕВ: Нема да преговарам за тоа дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера учествуваше на...

Читам дека во денешна Македонија има лекари кои не знаат латински. Мртов јазик, нели? Не знам како е со правниците, но и во правото, не само Римското право, без познавање на латинскиот не се може.

МИЛЧИН: Државата исчезнува од ден на ден- во Собранието се тргува и на ситно и на ангро

И ДЕНЕС ИСТОРИЈАТА Е УЧИТЕЛКА НА ЖИВОТОТ! Повозрасните граѓани веројатно ја паметат...