Академската заедница подела во ставовите за квалитетот на предложените кандидати

Објавил: Мирко Бачиќ | 24 јули, 2018 7:42

Кои се предлозите за членови на ДИК

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Иако не се гласаше – новиот состав на Државната изборна комисија е скоро познат. Согласно договорот од лидерската средба ова би биле идните членови на ДИК.

Од ВМРО – ДПМНЕ го предлагаат Оливер Деркоски за претседател на ДИК. Деркоски е роден 1965 година во Прилет и е дипломиран правник а за член Елизабета Постоловска. СДСМ ги предлага Борче КондарскоЈанакие Витановски и Радица Ристевска. ДУИ за свој член го предлага Димире Шеху додека БЕСА на Билал Касами ќе треба да договори свој член заедно со Алијанса за Албанците на Зијадин Села.

Скоро сите предложени кандидати за членови на ДИК имаат политичко и партиско искуство но има големи разлики во ставовите на академската заедница за нивниот капацитет по основ на квалитетот и познавањето на материјата каде ќе бидат тие кои ќе го имаат последниот глас при одлуките на ова највисоко изборно тело во Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.