Политичките партии свесно удираат единствено на чувствата на народот како би го завеле и направиле електорат

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 9 февруари, 2020 13:08

Кокетирање со националните чувства во борбата за власт

Фото/Текст извор: ©магазин

Националното достоинство на македонскиот народ е скршено поради кревката национална свест на прво место, а потем и поради бескрупулозната игра на политичките партии и на меѓународниот фактор со националните чувства на Македонците. Македонскиот народ својата национална свест ја нема етаблирано на познавања за своето потекло, корени и историски факти. Но националното чувство е силно и постои изразена конативна компонента кога е во прашање припадноста на македонскиот народ. На изградба на национална свест, слабо се работело во изминатите години и од страна на образовните центри, но и од страна на политичките установи. Поради тоа, постои голема потиштеност и гнев на Македонците кои доаѓаат во судир со надворешните и сосетските притисоци и упади во националноста. Националната свест се гради на знаење и на чувства. Но политичките партии свесно удираат единствено на чувствата на народот како би го завеле и направиле електорат.

Пред да се случи промената на уставното име, СДСМ и нивниот партиски лидер даваа изјави дека во уставниот поредок на Македонија нема да се чепка. Требаше да поминат само неколку месеци, за сите изјави да бидат поплукани и да дојде до промена на уставното име. Трауматичната глетка за тоа на кој начин беше направена промената остава длабоки последици врз секој Македонец. Таа глетка беше болна, предизвикуваше лутина, гнев и немоќ поради насилното и нечесно делување на пратениските актери.

Кој е вистински патриот во Македонија?

По смена на власт и промена на уставното име, лидерот на македонштината, Никола Груевски избега во Унгарија и доби политички азил

Неговата неподготвеност да биде политички затвореник покажа дека тој не може да поднесе жртва. Човек кој не е подготвен да биде жртва, не се бори за идеали, туку за свое удобство. Да беше Груевски политички затвореник наместо политички азилант, по некое време и по смена на власта, ќе беше херојот на ситуацијата, бранител на македонските интереси и великан во очите на народот. Наместо тој како политички лидер, во затвор се пикнати негови подржувачи и гласачи, оние што ги прогласија за тероризам од 27 Април. Груевски со актовка полна пари замина за Унгарија, за од таму сега да продава ветар и магла колку е возвишено да си патриот.

Откако македонското национално достоинство беше толку погазено со промена на уставното име, се јавија неколку платенички структури во Македонија, односно интелектуалци кои многу перфидно и вешто играат со чувствата на Македонците ветувајќи дека ќе се борат за бришење на придавката „Северна“

Свесни сме дека меѓународниот фактор даде голема поддршка за промена на уставното име и дека неговото враќање за меѓународна употреба е тешка и макотрпна борба. Важно е дали меѓународната заедница тоа ќе го прифати и тука воопшто не се важни ниту нашите чувства, ниту нечесното и срамно кршење на правото и демократијата. Во борбата за хегемонија важни се само геостретешки интереси, а не владеење на правото. Со голема свесност за шансите за враќање на името Република Македонија во употреба, политичката партија ВМРО ДПМНЕ и нејзините агитанти – интелектуалци, пукаат на повреденото чувство на Македонците само заради собирање на гласови и заведување на гласачите.

Додека вистинските патриоти и невини луѓе лежат по затвори „лидерот на патриотите“ – Никола Груевски со испрани народни пари ужива на одмори по егзотични места.

Важно е тоа што тие ќе покажат борба, ќе докажат дека одлуката за промена на името е неуставна, ќе повикаат на нејзино поништување, на поништување на договорот од Преспа, но свесни се дека тоа меѓународната заедница ниту ќе го прифати, ниту ќе го дозволи. Дури и да се издејствува Република Македонија да е име за домашна употреба а не ерга омнес, ќе настане уште поголема шизофренија кај македонскиот народ. Ќе дојдеме до продлабочување на гневот, на конфликтноста и на потребата да исправиме голема неправда која не ќе можеме, а тоа ќе ги загрева одново и одново нашите фрустрации. Секој од нас се чувствува посрамено и бесно кога ќе отиде надвор од Македонија и го претставуваат како гост од Република Северна Македонија, ние имаме потреба постојано да реагираме и да го исправуваме интродукторот, но ниту ќе го смениме начинот на кој официјално ќе бидеме заведени, ниту како ќе бидеме најавувани во иднина.

Како и да е важно е да покажеме борба, но таа да се случи во народот, народот мора да има свест дека е „демос“ а не само гласачко тело

Борбата за нашата национална гордост мора да произлезе од нашата работа во градење на национална свест, независни од политичката управа, која како што видовме до сега не е спремна ниту да се жртвува, ниту да се откаже од своето удобство и која за интереси се раздава и игра со нешто што е мое и ваше.

Автор: Стојмановиќ Магдалена  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...