Секоја државна институција е предмет на интензивно партизирање, особено со роднини блиски до владините функционери

Објавил: Данаил Михајловски | 24 февруари, 2019 17:24

Костадин Костадинов ќе држи прес пред царинската управа за непотизам

Фото/Текст извор: ©магазин

Утре се очекува портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов да одржи прес конференција пред седиштето на ДУИ во Мала Речица. Тема ќе бидат вработувањата во Царинската управа на Македонија, кои се еклатантен пример за нeпoтизaм каде што вработени се сестри, браќа, синови и ќерки, и сопруги на функционери од власта, најчесто од партијата ДУИ, според она што го пренесуват порталите на албански јазик (www.informohu24.com)

Бујар Османи ја доби довербата од премиерот Заев да ја води државата кон ЕУ, а првиот чекор се почеток на преговорите. Но, засега малку се гледаат реформи, а многу се гледаат скандали, непотизам, корупција и неказнивост. Но, она што се слуша во политичките кругово е тоа дека Бујар е многу позаинтересиран тој да биде наследникот на Али Ахмети. Веројатно и затоа нема доволно време за реформите. Во меѓувреме, откако се сменија Уставот и името, непотизмот и корупцијата се теми речиси секој ден, што многу ги иритира граѓаните.

Свои роднини во царина вработиле голем број на функционери на ДУИ, меѓу кои и вице-премиерот Бујар Османи, кој во Царина си го вдомил својот шофер, но и својот внук. Инаку, само пред неколку дена токму Бујар Османи на јавноста и објаснуваше што е дефиниција за непотизам, а што не е непотизам, и колку реформите во јавната администрација се битни за почетокот на преговорите со ЕУ. Ова се дел од функционерите кои вработиле свои блиски, а за кои известуваат медиумите и социјалните мрежи:

  • Илми Селами, Извршен директор на А.Д. Водостопанство на Р.Македонија, синот си го вработил во Царина
  • Ардиан Муќа, директор на Ј.П. Градски Паркинг Скопје, во Царина си ја вработил сопругата
  • Бујар Османи вице-премиер во Царина си ги вработил својот шофер и внук
  • Назми Беќири, функционер на ДУИ од Куманово и поранешен пратеник, синот си го вработи во Царина
  • Земри Ќемали поранешен заменик министер во МВР, во Царина го вработил синот
  • Ирфан Буќи, заменик директор во Царина, ги вработил зетот, внукот и сестрата

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Непотизам

Град Скопје ги потсетува граѓаните дела е во тек јавниот повик за доделување стипендии на средношколци со попречености, ученици во средните училишта на Град Скопје за учебната 2020/2021 година.

ВО ТЕК Е ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ

ВО ТЕК Е ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ! Град...

Како што иформираат тамошните медиуми, дваесет и петгодишниот Сејнур Бекири, по потекло од Македонија загина кога автомобилот во кој се возел излетал од патот и се забил во дрво, вчера вечерта во местото Кастиџано, кај Анкона во Италија.

ТРАГЕДИЈА: Момче од Македонија загина во сообраќајка во Италија

Трагедија на патиштата во Италија, загина македонски државјанин на местото Кастиџано. Како...