Пратеникот од ВМРО - ДПМНЕ, Тарчуловски, еден од петте пратеници на оваа партија кој е осомничен за "терористичко здружување" за 27 април со краток коментар за говорот на Заев

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 октомври, 2018 14:10

Кој е Заев да амнестира, нели судството е независно?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По понудата на премиерот Заев за национално помирување за 27 април се огласи и пратеникот Тарчуловски, еден од осомничените за терористичко здружување за настанот.

Како може Заев да нуди амнестија за обвинети лица, а при тоа да тврди дека судството е независно. – вели пратеникот Јохан Тарчуловски, од ВМРО – ДПМНЕ, кој е обвинет за учество во настаните од 27 април.

Тој вели дека во партијата ќе има консултации по однос на говорот на Заев каде тој понуди простување за настаните од упадот во Собранието.

Како може во име на судството тој да нуди амнестија, кога нели тоа е независно. Тоа се пусти желби на Заев за уставни измени. Ниту можам став сега да дадам, ниту можам да коментирам затоа што сум засегнат со обвинението. – вели Тарчуловски. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.