Сосема е медиокритетно верувањето кое СДСМ сака да го наметне дека тие биле заложници на осум пратеници од ВМРО - ДПМНЕ кои имале посебни барања за уставни измени

Објавил: Мартин Попоски | 22 октомври, 2018 9:02

Кој им ги потпишал “разумните” барања на одметнатите пратеници?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

ВМРО – ДПМНЕ како најголема политичка партија во Македонија имаше низа барања за Преспанскиот договор, за кои СДСМ и ДУИ не сакаа да разговараат, но петокот Заев и Џафери на осумтемина одметнати пратеници наводно им потпишале гаранции.

Имено од СДСМ лиферуваа известување дека пратениците од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата кои гласаа за почеток на измените на Уставот и пратеници од оваа партија, но и кои сакаа да гласаат но не го сторија тоа доставија писмени предлози со кои го условуваат своето однесување во натамошниот процес на уставни измени.

Го објавуваме оргиналниот текст на нивните предлози:

Тргнувајќи од неопходноста, стремежот и правото, македонскиот народ да си го зачува сопствениот идентитет, јазик и култура и затварањето на македонското прашање еднаш засекогаш во корист на македонскиот народ со што ќе се стави крај на сите соништа за големи држави, кои имаат за цел да го загрозат територијалниот интегритет и суверенитет на македонската држава и македонскиот народ;

Потенцирајќи ја неопходноста од градење на граѓанско општество и еднаквост на македонскиот народ и сите останати народи кои живеат во Република Македонија, доследна примена на Охридскиот рамковен договор и грижа и уважување на правата на сите заедници во нашата татковина;

Реализирајќи ја обврската за надминување на состојбата на длабока поделеност во општеството, особено длабоката поделеност на македонското национално ткиво;

Водејќи се од обврската на македонското национално единство и победувајќи ги засекогаш концептите на ваша и наша Македонија, поделбите на предавници и патриоти кои доведоа до тоа брат на брат да тргне, да се растураат семејства, судбини, и да се подели македонското национално ткиво до тој степен како да станува збор за два различни и спротиставени народи, до степен брат брата да мрази и напаѓа и македонецот да крене рака на македонецот;

Живеејќи со верба Македонија да стане економски просперитетна и напредна европска демократија на слободни и рамноправни граѓани, ослободени од било каква дискриминација;

Имајќи во предвид дека е неостварливо очекувањето Република Македонија да стане полноправна членка на НАТО и ЕУ без решавање на спорот со Република Грција, а особено фактот што Република Грција нема да дозволи влез на Република Македонија во НАТО и ЕУ под уставното име, како и фактот што сите изјави на релевантните меѓународни преставници се во правец на тоа дека членството на Република Македонија во овие организации е можно само со целосна имплементација на договорот од Преспа;

Поаѓајќи од фактот што позициите на Република Македонија во преговорите за проблемот што Република Грција го има со уставното име на Република Македонија се неповратно загубени и не може да се очекува во иднина Република Македонија да се стекне со подобри позиции ниту да издејствува подобар договор од веќе потпишаниот договор од Преспа;

Ние, група пратеници со верба во Македонија и нејзината иднина, целосно свесни за историскиот момент и одговорност пред минатите, сегашните и идните генерации

ПРЕДЛАГАМЕ:

Да се пристапи во наредната, но не и конечна фаза, на дискусија по уставните амандмани, само под следните услови од чие исполнување ќе зависат и нашите идни ставови и нашата конечна поддршка за Уставните измени:

1. Прифаќање на амандман на Уставот со кој ќе се гарантира македонскиот идентитет

2. Прифаќање на одредба на Уставот со која ќе се гарантира дека доколку Република Грција не го ратификува договорот и повторно ги попречува евро-атлантските интеграции на Република Македонија, ќе има безусловно поништување на сите прифатени уставни амандмани кои произлегуваат од имплементацијата на договорот од Преспа

3. Постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи го процесот што води кон полноправно членство на РМ во ЕУ

4. Прифаќање на иницијативата на Претседателот на Владата на Република Македонија г. Зоран Заев искажана на 61-та седница на Собранието на Република Македонија на 15 октомври 2018 година, за простување во врска со настаните на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија и сеопфатно национално помирување, со формирање на собраниско тело составено од шефовите на пратеничките групи, тројца пратеници и Претседателот на Собранието на Република Македонија кои ќе изготват и предложат до Собранието план за национално помирување, во рок од 30 дена“.

Прашањата кои следат на овој вовед и овие барања се:

Дали и зошто СДСМ и Заев го напишаа овој т.н. документ во туѓо име?

Во кој говор на сите осуммина одметнати пратеници некој од нив го искористил терминот “Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција”?

Кога пратеник на ВМРО – ДПМНЕ го искористил поимот “македонскиот народ и народите кои живеат во Македонија”?

Кој им ги потпиша “бараните” гаранции на осуммината одметнати пратеници?

Заев како премиер и по која одлука на Влада или Заев како претседател на СДСМ и по кое овластување на Извршниот одбор? 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести