Со паролата „Скапа струја, сиромашен народ” и задоцнување од 20-на минути според најавениот тајминг пред Министерство за правда почна протестот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ против поаскапувањето на струјата.

Објавил: Владо Марин | 9 септември, 2020 19:54

Мицкоски со три барања од власта на протестот против поскапувањето на струјата

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест на партијата против поскапувањето на струјата изјави дека ова е првиот од серија протести што ќе се одржуваат против „мафијата“.

Со паролата „Скапа струја, сиромашен народ” и задоцнување од 20-на минути според најавениот тајминг пред Министерство за правда почна протестот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ против поаскапувањето на струјата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, говорејќи на денешниот протест против поскапувањето на електричната енергија, упати три барања до Владата!

„Прво барање – враќање на старата цена на стујатата преку намалување на тарифата на универзалниот снабдувач;

Второ барање – викенд без ДДВ во септември како што беше ветено пред изборите;

Tрето барање – професионализација на Регулаторната комисија за енергетика со натпартиски кадри“, посочи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Бислимовски како директно одговорен за покачувањето на цената на струјата и рече дека тој „ѝ слугува на мафијата на власт“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести