Според британскиот Sun кралицата Елизабета (94),  ќе остане во нејзината резиденција во замокот Виндзор за време на вирусот корона, но она што ги вознемири и загрижи многумина, се најновите информации според кои е можно кралицата никогаш да не се врати на кралските должности.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 мај, 2020 10:41

КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ЌЕ ГО ПРЕДАДЕ ТРОНОТ: Поради пандемијата се повлече од јавноста, многумина се сомневаат дека ќе се врати!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Blic/The Sun Foto: Profimedia

Британската кралица Елизабета со месеци не ги извршува своите јавни должности поради епидемијата со коронавирус, а како што наведуваат странските медиуми, ова е крај на нејзиното владеење.

Според британскиот Sun кралицата Елизабета (94),  ќе остане во нејзината резиденција во замокот Виндзор за време на вирусот корона, но она што ги вознемири и загрижи многумина, се најновите информации според кои е можно кралицата никогаш да не се врати на кралските должности.

Ситуацијата со коронавирусот го „принуди“ кралското семејство да се повлече од јавноста, па токму затоа сега ги чувствуваат последиците.

Додека владата се обидува да го ублажи ова, стана извесно дека кралицата нема да се појави во јавноста. Доколку е апсолутно неопходно, таа ќе одговори преку видео.

Со оглед на нејзината, но и возраста на нејзиниот сопруг Филип, чија здравствена состојба е многу кревка, се шпекулира дека парот ќе биде во изолација уште долго. Според британските медиуми, таа можеби никогаш нема да се врати на своите јавни кралски должности, затоа што ризикот е преголем.

„Ова е многу тажно, но јас не гледам начин кралицата да се врати во нормален начин на живот и да извршува кралски должности“, изјави авторот на многу кралски биографии, Ендру Мортон, за Sun.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести