Како што пренесе The Sun, наводно внукот на кралицата Елизабета, Петер Филипс (43), се разведува од сопругата Отом (41), а таа вест многу ја вознемирила кралицата. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 февруари, 2020 10:17

НОВ ШОК ЗА КРАЛИЦАТА: Се разведува нејзиниот миленик

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нов шок за кралицата Елизабета. Имено пред извесно време кралицата била потресена од веста дека нејзиниот миленик, внукот Петер Филипс е пред развод.

Како што пренесе The Sun, наводно внукот на кралицата Елизабета, Петер Филипс (43), се разведува од сопругата Отом (41), а таа вест многу ја вознемирила кралицата. 

Се разведува најстариот внук на кралицата Елизабета…

Како што пренесуваат британските медиуми кралицата и сопругата на Петер, Отом биле многу блиски, а наводно се снимени како заедно одат на миса.

За краток период ова е второ разочарување за кралицата, откако пред извесно време нејзиниот внук  Хари и Меган го напуштија кралското семејство.

Како што објави The Sun сопругата на Отом планира да замине во Канада со децата. Ова јавноста го прокоментира како чекор кој е мотивиран од Меган и Хари. 

„Мислеше дека се среќни, веруваше дека има совршено семејство … Тој е во целосен шок“, рекоа неговите пријатели. Додаваат дека синот на принцезата Ен најмногу се плашела дека неговата поранешна сопруга ќе се врати во родниот Монтреал, Канада – и бидејќи нивните ќерки Савана (9) и Исла (7) имаат двојно државјанство, внукот на кралицата се плаши дека Отом ќе го однесе децата.

Извори блиски до семејството тврдат дека нивниот брак неколку години поминува низ криза, но и дека причина за тоа не е трета личност. Парот беше во брак 12 години.

Инаку Петер Филипс е најстариот внук на кралицата Елизабета.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести