Според зборовите на изворот близок до семејството, тајното име на Елизабета не е врзано ни за еден таен агент или суперјунак.

Објавил: Весна Петровска | 16 октомври, 2019 18:01

ОТКРИЕНА НАЈГОЛЕМАТА ТАЈНА НА КРАЛИЦАТА: Ова го знаат само нејзините телохранители

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Кога членовите на британското кралско семејство се појавуваат во јавност, опкружено се обезбедување.

Го држи под будно око, а секој член од семејството има и тајно име со цел да се заштити нивната приватност и идентитет.

Според зборовите на изворот близок до семејството, тајното име на Елизабета не е врзано ни за еден таен агент или суперјунак.

– Таа секогаш е означена со буквата „С“, како Шерон открива изворот.

Буквата „С“ повеќе одговара со нејзиниот статус на суверинитет. Кралскиот историчар Хуго Викерс повтврди дека е можна приказната за тајното име на кралицата да е вистина.

– Многу е веројатно да е така. Суштината на епитетот е да звучи анонимно и лесно да се памети. И покрај него ако може да се сокрие идентитето, тогаш тоа е вистинското, рекол тој.

Сигурно ве  интересира зошто кралското семејство не користат презимиња

Вебсајтот Bright Side откри зошто е тоа така и од каде потекнува оваа традиција.

Членовите на британското кралско семејство генерално не користат презимиња бидејќи навистина и не им е потребно. Толку се познати што не им е потребна таква формалност.

До 1917 година тие ги користеле само првото име и името на династијата, додека кралот Џорџ Петти не ја сменил традицијата.

Кралот имал потекло од династијата House Saxe-Coburg and Gotha. Ова име имало германско потекло што давало негативна конотација за време на Првата светска војна.

Тој решил да го смени непопуларното име на неговата династија и го избрал името Виндзор по еден од замоците на кралското семејство.

Кралското семејство не користи презимиња и кралицата нема пасош

Кралот не само што го сменил името на династијата туку и го вовел Виндзор како официјално презиме за целото британско кралско семејство.

Интересен е и фактот дека кралицата Елизабета Втора нема пасош.

Тоа не ја спречува слободно да патува низ светот.

Причината е што владејачкиот монарх не може да има таков докумет бидејќи не може сам себе си да си издадеш пасош: во Британија пасошот се издава во име на Нејзиното Височество.

За да премине граница, кралицата само треба да покаже банкнота со нејзиниот лик.

Нејзе не ѝ треба ни возачка дозвола, иако уште ја има дозволата што ја добила во 1945 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.