петок, 26 април 2024

MK/ EN/ DE



Вејн Дупре, познатиот експерт од Виндзор вели дека по откажувањето од обврските со кралското семејство сега следуваат нови стресови за Хари, односно дека плановите на Меган Маркл јавноста допрва ќе ги види.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 февруари, 2020 19:25

Меган Маркл ќе се разведува од Хари?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шокантно тврдење на еден експерт од Виндзор кој вели дека плановите на поранешната американска актерка Меган Маркл се да се разведе од принцот Хари.

Меган и Хари претходно се откажаа од кралските должности, а пред речиси две недели тие го загубија правото на кралските титули.Тие понатаму нема да можат да ги користат титулите и двојката веќе нема да ја претставува британската кралица. Принцот Хари и Меган планираат да отворат добротворна организација што ќе работи на глобално ниво, но посебно внимание ќе им посвети на Америка и Африка.

Вејн Дупре, познатиот експерт од Виндзор вели дека по откажувањето од обврските со кралското семејство сега следуваат нови стресови за Хари, односно дека плановите на Меган Маркл јавноста допрва ќе ги види.

Дупре тврди дека Маркл има план дефинитивно да се одвои и од Хари.

Како што вели тој планот за разводот Маркл веќе го има реализирано, а тоа ќе го направи во рок од 3 до 5 години“. Тој додава дека Хари сака тивок живот, далеку од центарот на вниманието, но актерката Меган Маркл, неговата сопруга не го сака тоа бидејќи неа ја води духот на Холивуд и парите кои можеда ги заработи.

-Всушност, гласините кружеа уште пред неколку месеци за можен развод меѓу војводите од Сасекс, одвојување на кое дури и кралицата Елизабета би била „за“.

Дури и сестрата на Меган, Саманта Маркл потврди дека таа не сака да се откаже од Холивуд и да води мирен живот – Нејзините цели се слава и моќ во Холивуд, рече Саманта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.