Специјалната јавна обвинителка, на прашање од новинарите дали е правилна процедурата обвинител да контактира со осомничен, како што Катица Јанева тврди дека тоа го правела со Орце Камчев и на тој начин да го убедува да стане сведок во други истраги, Стефанова одговори дека не е експерт за криминал.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 август, 2019 13:37

Лиле Стефанова: За сите прашања обратете се кај Јанева, јас не сум експерт за криминал

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото независен весник

Лиле Стефанова, утрово се појави во Кривичниот суд каде се одржуваше рочиштето за случајот „Титаник“, а обвинението го застапува токму таа.

Специјалната јавна обвинителка, на прашање од новинарите дали е правилна процедурата обвинител да контактира со осомничен, како што Катица Јанева тврди дека тоа го правела со Орце Камчев и на тој начин да го убедува да стане сведок во други истраги, Стефанова одговори дека не е експерт за криминал.

Лиле Стефанова беше прва која даде исказ во Обвинителството за организиран криминал како сведок за случајот „Рекет“

На прашањето дали Јанева ја изневерила јавноста, Стефанова одговори дека за се ќе мора да ја прашаат нејзината шефица во заминување Катица Јанева, пренесува ТВ 21.

За потсетување, италијанскиот весник „Ла Верита“ пред речиси две недели објави аудио снимка, на која тврди дека се слуша гласот на Јанева, а подоцна таа и ја потврд автентичноста на снимката, која изјави дека разговарала со лицето О.К., со цел да го убеди да стане соработник во други истраги и истакна дека на истиот начин комуницирала и со други осомничени во други случаи со цел да ја подобри,  позицијата на обвинителите во истрагите.

Лиле Стефанова беше прва која даде исказ во Обвинителството за организиран криминал како сведок за случајот „Рекет“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.