За секој конкретен, дефиниран чекор, јавноста навреме ќе биде информирана“ истакна Лукаревска.

Објавил: Перо Милчин | 5 ноември, 2021 17:15

Лукаревска за „Фокус“: Работиме на реорганизирање на партијата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сања Лукаревска, заменик претседател на владејачката СДСМ во изјава за „Фокус“ тврди дека во моментот работат на реорганизирање на партијата.

Заедно со претседателот Зоран Заев и со органите на партијата работиме на решенија и одлуки со кои СДСМ се реорганизира, а со единствена цел да продолжи да работи во интерес на граѓаните и државата.

За секој конкретен, дефиниран чекор, јавноста навреме ќе биде информирана“ истакна Лукаревска.

Овие прашања се актуелизираа откако лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев во недела вечер по вториот круг од локалните избори, каде владејачката партија ги загуби повеќето од општините, си поднесе оставка од двете функции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести