Грчки професор по историја на Универзитетот во Атина, Антонис Лиакос и негови колеги јавно прокламираат дека ако не поминат уставните промени ќе се примени двојната формула

Објавил: Мартин Попоски | 14 октомври, 2018 15:02

магазин.мк пред 4 дена ја пренесе изјавата на професот Антонис и двојна формула за името

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Ако Преспанскиот договор пропадне, Грција ќе биде под жесток притисок да прифати решавање на проблемот со името преку двојната формула.

Познатиот грчки интелектуалец, професор на универзитетот во Атина и на престижниот Принстон, Антонис Лиакос тврди дека со договорот од Нивици грчката држава го достигнала врвот на своите дипломатски можности но истовремено докрај ја искористила толеранцијата на Меѓународната заедница.

Ако македонскиот парламент сепак не прифати да ги изгласа уставните промени со кои се менува името на државата, Грција ќе биде таа која ќе мора попушти и да прифати прием на Македонија во ЕУ и НАТО под уставното име.

Доколку Преспанскиот договор биде отфрлен, ќе следи огромен притисок за ПЈР Македонија да биде примена во евроатлантските институции под уставното име, со двојно име за Грција. И онаа Влада која во тој момент ќе биде на чело на Грција ќе се најде во пеколна состојба. – пишува еден од врвните грчки интелектуалци, Антонис Лиакос.

Професорот Лиакос објаснува дека секоја земја има право на самоопределување вклучително и правото на избор на име и идентитет по своја желба. А зборувајќи за националните интереси на Грција потенцира дека името на Македонија воопшто не треба да биде приоритет на Атина, туку нејзина цел мора исклучиво да бидат мирот и стабилноста на Балканот како гаранција за грчката безбедност.

Грција мора да ја прифати двојната формула.

Без европската перспектива, тврди Лиакос, ќе продолжи да се зголемува нестабилноста на Балканот. Обединувањето на Албанија и Косово и одвојувањата на како што вели, “тетовските Албанци”, од Македонија, е нешто за што сериозно се разговара во албанските кругови.

Во таа смисла потребно е да се има јасна слика на можните ризици за мирот на Балканот и македонското прашање мора да биде врзано со целокупниот развој на настаните на Балканскиот полуостров.

Aко Договорот пропадне, Грција ќе мора да прифати двојно име

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.