Македонските иселеници се поактивни во кампањата за бојкот на претстојниот референдум за промена на името, па откако не добија пари за своите активности, сами собираат донации

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 септември, 2018 12:45

Македонец од Канада даде 100.000 долари за “Бојкотирам”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Македонците од Канада даруваа над 145 илјади канадски долари за поддршка на кампањата за бојкот на референдумот на 30 септември.

Во организацијата на овој значаен настан учествуваа: Светскиот Македонски Конгрес од Канада, Организацијата Обединети Македонци од Канада, Македонското Меѓународно Движење за Човекови права со Седиште во Канада и македонското патриотско здружение од Канада Андон Лазов Јанев Ќосето.

Најголемиот македонски дарител од Канада е познатиот бизнисмен Крсте Ивановски кој заедно со неговото семејство донирале 100.000 долари за кампањата за бојкот на референдумот во Македонија.

Само во Република Македонија зборот Македонија ќе биде забранет, на своите деца и внуци да не смееш да им кажеш од таа историја и името Македонија да го споменеш.Тоа е почеток на крајот на македонската држава и нација.

Кој му дава право на некој да одлучи да ја смени целата македонска вековна историја, кој му дава право да го избрише еден од нјстарите народи во светот, замислете ќе биде избришан за да бидат задоволени интересите на државите кои што сакаат тотално поништување на Македонија и Македонскиот народ – истакнал Ивановски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести