Се собираат ли политичарите во "Македонија бојкотирам" за патриотски вредности или за пари и политичка моќ?!

Објавил: Мартин Попоски | 21 август, 2018 14:24

“Македонија бојкотира” бара пари од Владата за бојкот на референдумот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јанко Бачев Филип Петровски и Солза Грчева побараа пари од Владата за да ја финансираат кампањата за бојкот на референдумот. Велат колку ќе потроши извршната власт за поддршка на референдумот толку пари треба да добијат и тие за да ги задржат граѓаните дома на 30-ти септември. Со оваа операција ќе раководи како што велат кризен штаб а нивниот слоган е “Македонија бојкотира”.

Јанко Бачев е универзитетски професор по меѓународно право и претседател на проруската политичка партија “Единствена Македонија”. Бачев и е познат на јавноста по низата забелешки за изборни процеси.

“Ние сме подготвени доколку владата земе едно евро и нас да ни даде едно евро. Подготвени сме на секоја сума колку ќе земе владата за кампања толку да даде и на кризниот штаб бидејќи кажав јавен интерес на оваа држава е секој граѓанин да го слушне мислењето на двете страни и пораката на владата и пораката на кризниот штаб па народот нека се одлучи.” – изјави Јанко Бачев претседател на партијата “Единствена Македонија.”

Доколку владата не им одобри средства организациите кои се дел од кампањата за бојкот се договориле заеднички да учествуваат во финансирањето. Во меѓувреме отвориле и сметка за донации од дијаспората и досега собрале околу 4.000 долари,вели Бачев. Филип Петровски пак вели дека референдумското прашање е нелогично и од него може да произлезат повеќе одговори.

Филип Петровски е политичар кој поминал низ политичките партии како Обединети за Македонија Македонска Десница и ВМРО – ДПМНЕ а моментално е предводник на т.н. демократска фракција во ВМРО – ДПМНЕ.

“Прво треба да се праша народот дали е за промена на уставното име. А понатака може во други референдуми кои што може да бидат и во ист ден да се прашуваат и други прашања. Прашањето е нелогично и етикета е од страна на владата и од страна на новинарите блиски до владата дека некој е против НАТО и ЕУ ако е против овој референдум. Овој референдум е нелогичен – незаконски и е донесен набрзина.” – вели Филип Петровски од “Демократската фракција на ВМРО – ДПМНЕ”.

Од друга страна Солза Грчева вели дека иако владата се залага за влез на Македонија во Европската унија и НАТО како и за европските вредности сепак голем белег оставаат како што вели наместените тендери и пред референдумските вработувања.

Солза Грчева и исто така универзитетски професор на низа универзитети во Македонија поранешен пратеник и член на СДСМ и ЛДП а актуелен претседател на новоформираната “Глас за Македонија”

“Никаде немаме потпис од Европската унија дека ако се прекрстиме и го прифатиме договорот дека навистина ќе ни се отворат вратите. Ќе ни се отвори вратиче а таму не чекаа “икс” пречки внатре. Тие пречки овој тип на владеење востановен во Македонија неможе да ги пречекори.” – смета Солза Грчева од “Глас за Македонија”.

“Македонија бојкотира” како што велат дел од членовите е составена од 30-тина партии и организации а најавија и зголемување на овој број со нови. Нивната главна цел е со кампањата да ги одвратат македонските граѓани од намерата да излезат на гласање со што референдумот би бил неуспешен а потоа како што велат по автоматизам ќе следува оставка од премиерот Зоран Заев.

Иако без изјава еден од водачите на движењето е и Љупчо Палевски кој е бизнисмен и поранешен висок функционер на СДСМ кога беше претседател на Градската Организација на СДСМ по што останува во водите на бизнисот се до скорешното активирање со сопствена политичка партија именувана како “Трета опција” или “Трета”која е гласен критичар на сите политика на Заев и Шекеринска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.