Македонската А селекција предводена од селекторот Игор Ангеловски забележа и втор триумф во УЕФА Лигата на нации против Ерменија вечерва на „Филип Втори" Арената, Скопје, во рамките од второто коло во групата 4 во Лигата „Д".

Објавил: admin@magazin | 9 септември, 2018 23:08

Македонија со многу значајна победа, чекори кон ЕП- Македонија – Ерменија 2:0

Фото/Текст извор: ©спорт.мк

Во 13. минута Горан Пандев искусно изнуди прекршок во казнетиот простор на противникот, а Езџан Алиоски беше сигурен реализатор од белата точка. За фудбалерот на Лидс Јунајтед ова е втор погодок во ова натпреварување. Имавме уште неколку шанси да постигнеме погодок, и тоа директно од слободни удари.

Најпрвин при сеуште нерешени 0:0 се закани Алиоски уште во третата минута, а вистинска „бомба” во свој стил испрати Енис Барди во 42. минута, но и во двете ситуации одлични одбрани имаше ерменскиот голман Ајрапетјан.
Зачудувачки Ерменците кои ни се главни конкуренти за првото место во групата 4 (Лига „Д”) не делуваа така опасно кон голот на Димитриевски, само три обиди, еден во рамките.

Горан Пандев стрелецот на вториот гол во 59 минута за сигурна победа на Македонија

Статистички после првото полувреме имавме поголема контрола на топката (62%), со 238 подавања, наспрема 135 на противникот. Имаше и доста прекршоци, седум од наша страна, пет направија Ерменците.
Ривалите поконкретни и поопасни во второто полувреме, се заканија првин преку Барсегјан чиј удар беше блокиран од страна на Бејтулаи. Во 50. мин. катастрофална грешка можеше скапо да го чини Кире Ристевски кој имаше лошо додавање до Димитревски, но за наша среќа и Барсегјан не се снајде најдобро, а подоцна и Пицели се закани. Тоа беше „аларм” дека треба нашите фудбалери посериозно да се ангажираат, но и во период кога не бевме активни дојдовме сосема случајно и до вториот погодок.

Тукушто влезениот Трајковски кој го замени Тричковски, само 60. секунди подоцна, најпрвин издрибла еден противнички играчи и потоа убаво на петерецот го пронајде Пандев кој искусно со левата нога ја затресе ерменската мрежа за 2:0.
Ривалите се најдоа во големи проблеми, иако можеа да намалат во 71. мин. кога имаа сериозна можност преку фудбалерот на Арсенал, Мхитарјан, но овој ја погоди стативата. И Николов како „златна резерва” можеше многу лесно да се прослави, само неколку сантиметри од стативата заврши неговата топка и голема среќа за Ерменците што не примија уште еден гол.

До крајот избраниците на Минасјан немаа повеќе сили за евентуален пресврт, а од наша страна рутински се одработуваше задачата, на крајот прославивме уште еден голем и важен триумф.

Следниот трет меч ќе го имаме повторно на домашен терен против Лихтенштајн на 13. октомври, а три дена подоцна ќе и гостуваме на Ерменија.

Македонија: Димитриевски, Ристевски, Бејтулаи, Муслиу, Ристовски, Елмас, Барди (Николов 74′), Спировски, Алиоски, Пандев (Несторовски 69′), Тричковски (Трајковски 56′).

Македонија-Ерменија 2:0 (Алиоски 13′ пенал, Пандев 59′)
20:45 часот Лихтенштајн-Гибралтар

Табела:
1.Македонија (4:0) 6 бодови
2.Ерменија (2:3) 3
3.Лихтенштајн (1:2) 0
4.Гибралтар (0:2) 0

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...