понеделник, 6 мај 2024

MK/ EN/ DE



Застрашувачки е тоа што оваа државна компанија, единствена од својот вид во земјава, има акумулирана загуба од 70,7 милиони евра и вкупни обврски кои достигнуваат 90 милиони евра.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 август, 2019 11:08

„Македонски железници“ е државна компанија со најголема загуба од од 70,7 милиони евра

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што пренесе порталот Фактор, „Македонски железници транспорт“ е државна компанија со најголема загуба.

Оваа државна компанија лани заврши со загуба од речиси 8 милиони евра, а претходната година беше во минус од 8,2 милиони евра, пренесе Фактор.

Како што објави порталот застрашувачки фактот што оваа државна компанија, која е единствена од својот вид во земјава, има акумулирана загуба од 70,7 милиони евра и вкупни обврски кои достигнуваат 90 милиони евра.

Инаку на 30 ти минатиот месец, за директор на АД Македонски железници – Транспорт беше назначен портпаролот, воедно и член на Централно претседателство на Алтернатива, Орхан Муртезани.

Орхан Муртезани, познат во јавноста како долгогодишен портпарол, е еден од основачите на Алтернатива. Роден е во Сарај, Скопје. По професија е економист, дипломирал на Економскиот факултет при универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, додека постдипломските студии ги продолжил во Универзитетот ‘‘Мармара’’ во Истанбул во отсекот Менаџмент и организација. Течно зборува англиски и турски јазик.

Во јавноста, исто така, е познат и како млад интелектуалец преку бројните телевизиски настапи, анализи и колумни објавени во разни списанија, весници и разни електронски платформи во земјата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.