Министерот Адеми почна да се соочува со гневот на вистинската Македонска дијаспора, а не онаа која сам си ја креирал и платил

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 септември, 2018 11:49

Македонците од Берлин одбиле средба со министерот за дијаспора

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за дијаспора Едмонд Адеми бил одбиен за средба од Македонската црковна заедница во Берлин која не сакала да се сретне со владиниот функционер затоа што не се согласувале со политиките на власта.

Министерот од редовите на СДСМ е во неколкудневна посета на главниот град на Германија и во својата „турнеја“ има за цел да го објасни преспанскиот договор за чие прифаќање ќе се одлучува на референдум распишан за 30-ти септември.

Во писмото кое го објавуваат Македонци од Германија со кое се одбива средбата со црковната општина на МПЦ ОА Свети Климент Охридски од Берлин, се вели дека одбиваат состанок затоа што било најавено дека ќе се зборува за дневни политички теми.

Причина за одбивањето на средбата е и најавата дека на неа министерот Адеми сакал да ги промовира придобивките од договорот со Грција.

За Црковната општина Свети Климент Охридски се работи за штетен и срамен договор и нема потреба сега или било кога некој пред нејзините членови да ги презентира придобивките од него.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.