Професорот Малески кој толку одлично ја познава материјата за референдумско изјаснување, најверојатно знае што е ценсуз и што е основниот услов за оценка за успешен референдум

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 октомври, 2018 6:56

Малевски: Се надевам дека тајното гласање ќе помогне

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Неповикан од никого, потенцијалниот кандидат за претседател на државата од СДСМ и ДУИ, Денко Малески си ја анализираше политичката ситуација во Македонија.

Предвремени парламентарни избори се опција во една парламентарна демократија, но пред да јурнеме на избори, редно е сите, а пред се политичките партии внимателно да размислат што ни се случи со референдумот и која поука треба да ја извлечеме, смета универзитетскиот професор Денко Малевски.

Народот треба да знае дека со години наназад партиите во Македонија зборуваа дека доколку се најде влада којашто ќе излезе со предлог за решение на спорот со Грција, сите заедно ќе одиме на референдум. Кога дојде таа ситуација, се случи главната опозициска партија и претседателот да го бојкотираат тој инструмент на демократија кој требаше да ја изрази волјата на македонскиот народ, вели тој и додава дека постоела очигледна политичка позадина, бидејќи претседателот Иванов, дури од говорницата на ОН повика на бојкот, а опозицијата правеше вратоломии до последен момент за потоа повторно да бојкотира, па сега тие покажуваат со прст на неизлезност. – изјави Малески.

Малевски смета дека демократијата е инструмент што мора да се почитува во целата процедура и затоа не може и да не се учествува во играта и потоа да се обвинува за резултатот.

Ако можеме да кажеме нешто од овој изминат период, тоа е дека меѓународната заедница вложи невидени напори да ја одоброволи македонската политичка елита, да му укаже на македонскиот народ на важноста од успешниот референдум и на важноста од прифаќањето на овој договор заради интеграцијата на државата во НАТО и во ЕУ. Се разбира, сега треба да се стори се што е можно да се најде решение во Парламентот. Мислам дека доколку се оди на тајно гласање, што е можност, како што разбирам, во парламентарната процедура, дека сепак ќе се најдат луѓе и од опозициската партија кои се свесни за овој историски момент во којшто се наоѓа Македонија и кои би гласале. – вели Малевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.