Марко е новиот херој на охридското маратонско пливање, кој минатата година во неповолни услови, со силен ветер и бранови, го преплива Охридското Езеро, од Свети Наум до пристаништето.

Објавил: admin@magazin | 25 февруари, 2019 17:04

Малиот херој кој го преплива Охридското езеро, доби Златната буба мара за спортски подвиг на годината

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Наградата за спортски подвиг на годината ја доби младиот маратонец, 12-годишниот Марко Пејчиноски од Охрид кој во 2018 година направи подвиг кој ретко би му успеал на некому. Наградата му ја додели Игор Димовски, човекот кој го преплива Ла Манш, му ја додели Златната Буба Мара на Марко,за спортски подвиг на годината.

Дванаесетгодишниот Марко Пејчиноски од Охрид се закити со наградата за спортски подвиг на годината, на Златната Буба Мара, кој му ја додели Игор Димовски, човекот кој го преплива Ла Манш.

На празникот Голема Богородица го преплива Охридското езеро.

И покрај здравствените проблеми,ништо не го спречи да си го оствари замислениот сон. Тој пливаше осум часа во езерото, кое го преплива од Свети Наум до градското пристаниште. Младиот и успешен херој беше пречекан од голем број сограѓани и туристи од целиот свет, и стана најголем пример за упорност и желба за постигнување на саканата цел во животот.

И покрај здравствените проблеми, некроза на еден дел на коската од ногата кој му ја забавува моториката, тој тргна од Свети Наум тргна во 9.20 часот, а на охридското пристаниште, по испливани околу 25 километри, стаса во 18.20. Фото: Ohrid news.com

„ Кога почнав да пливам водата беше многу студена. Но, ниту еден момент не помислив да се откажам. Додека пливав ми студеше и си мислев како да си олеснам. Си реков дека како што пливам, ќе ми станува сѐ потопло и потопло. Така и беше“, ни изјави храбриот пливач.

„Ногата не ме болеше. Не сакав воопшто да излегувам од вода и да правам пуаза. Кога огладнев, сакав да јадам во вода, но можев од брановите. Само тогаш, влегов во кајче на една минута, набрзина јадев и се вратив во езеро“, ни раскажа Марко. Главниот мотив за неговиот ентузијазам вели дека му го дал татко му, Тони.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.