Тој и неговата сопруга Маја станаа родители на прекрасно девојче. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 октомври, 2019 21:43

Ранко “Бубамара“ стана татко по трет пат (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото фокус.мк

Ранко Петровиќ кој во јавноста е познат како првиот човек на манифестацијата  „Златна бубамара“,  по третпат стана татко, објави репортер.мк.

Тој и неговата сопруга Маја станаа родители на прекрасно девојче. 

Тие веќе ги имаат ќерката Ангела и синот Марко.

За прославата со екипата на „Бубамара“ на мекици беа споделни фотографии на Фејсбук.

“Пред државниот празник си ги наполнив душата и срцето, прославивме за раѓањето на мојата трета кумица (после Ангела и Марко). Нека е жива и здрава, голема да расте, да живее во едно поубаво време и иднина, оти иднината ни е во децата. Честитки до мојот кум Ранко и кумата Маја од мене, моето семејство и од нашата екипа на вашата и наша Златна Бубамара“, напиша кумот на Ранко.

Инаку популарната манифестација Златна бубамара на популарноста годинава прослави 22 години.
Во изминативе години секое издание на Златна бубамара се раскажува и се прераскажува со години и со децении. Секоја година носи нови предизвици, многу смеа за посетителите и гледачите но и многу награди за најуспешните.

Златна Бубамара по многу работи е единствен и уникатен музички културен настан што успеа да изгради традиција на успешна манифестација, која гледачите со радост ја очекуваат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.