Прв по скандалозната изјава на премиерот Заев дека четири соседни државни се виновни за бегството на Груевски се јави премиерот на Црна Гора, кој го посочи виновникот во случајот

Објавил: Мартин Попоски | 29 ноември, 2018 9:54

Марковиќ: Заев нека се позанимава самиот со себе како му избега Груевски

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ изјави дека обврска на Македонија, а не на Црна Гора, беше да се грижи да не побегне нејзиниот поранешен премиер.

Марковиќ му порача на премиерот на Македонија Зоран Заев да се позанимава со прашањето зошто навреме не била распишана потерница за Груевски.

Коментирајќи ја изјавата на Заев кој пред неколку дена рече дека се чуди што четири земји пријателки на Македонија го дозволиле бегството на Груевски преку нивна територија, Марковиќ изјави дека Груевски низ Црна Гора минал на целосно законски начин, врз основа на личните документи кои ги имал.

Тој влезе во Црна Гора, а потоа и во Србија. Во тој момент, според податоците со кој раполагаше Црна Гора, за Груевски не беше издадена никаква потерница. – изјави црногорскиот премиер.

Марковиќ не штедеше зборови кон премиерот Заев.

Мојот пријател Заев треба да се позанимава со фактот што навреме не е распишана потерница по Груевски, и како тој без пасош влегол во земја членка на Европската унија при што ова прашање не може да се става на Црна Гора. – рече Марковиќ во интервјуто за РТЦГ, по повод две години од работата на неговата Влада.

Дипломатски извори информираат дека по изјавата на Марковиќ можна е изјава и на Еди Рама, додека претседателот на Србија, Вучиќ нема да ја коментира изјавата а премиерот на Унгарија, Виктор Орбан кратко искоментирал дека со Заев ќе се видат во ЕУ, секој од своја страна на вратата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.