Како што денеска објавија странските медиуми,  дека Меган решила повторно да се врати на својата работа, па во моментот работи токму на ова поле. Наводно таа потпишала договор со Дизни, а сега бара од своите агенти да и најдат добра улога со која ќе се врати во актерските води.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 март, 2020 12:07

Меган Маркл и се враќа на глумата- за неа се бара улога на суперхерој?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Војвотката од Сасекс, поранешната актерка Меган Маркл повторно се враќа на глумата. Таа и принцот Хари, нејзиниот сопруг неодамна ја шокираа јавноста и кралското семејство со одлуката дека се повлекуваат од кралските должности, па уште тогаш во јавноста почна да се шпекулира дека на ваквата одлука влијаела токму Меган.

Како што денеска објавија странските медиуми,  дека Меган решила повторно да се врати на својата работа, па во моментот работи токму на ова поле. Наводно таа потпишала договор со Дизни, а сега бара од своите агенти да и најдат добра улога со која ќе се врати во актерските води.

Кралицата истакнала дека тие нема да можат да го експлоатираат името на кралското семејство, поради што и не дозволила името на нивната фондација да го содржи зборот „кралска“.
Канадската полиција, пак, на 27 февруари соопшти дека, штом принцот Хари и Меган Маркл официјално престанат да ги извршуваат должностите како членови на кралското семејство, тие веќе немаат обврска и нема да ги обезбедуваат како претставници на британското кралско семејство.

Ник Колинс, еден од агентите на Меган и рекол дека за неа бара улога на суперхерој со која најдобро би се претставила.

-Активно бара филм за неа, а Меган вели е достапна и отворена за најдобрите понуди. Планира низа состаноци во Холивуд, истакнал извор за „Мирор“ кој додал дека заработениот износ ќе го донира во хуманитарни цели.

Иако се мислеше дека Кралицата Елизабета никогаш нема да попушти пред одлуката на Меган и Хари, и нема да прости таков чекор, сепак во неделата, на четиричасовната средба во замокот Виндзор, британската кралица му порача на принцот Хари, дека тој секогаш ќе биде добредојден, ако сака да се врати во кралското семејство за повторно да ги извршува своите должности како негов член.

„Во неделата кралицата конечно можеше подробно да разговара со Хари и да слушне кои се неговите планови. Сè мина во опуштена атмосфера и двајцата беа во можност да си го кажат своето“, изјави неименуваниот претставник за „Дејли мејл“.

Според него, кралицата била „многу вознемирена поради Меган“, како и одлуката, нејзина и на Хари, да заминат да живеат во Канада. Но, кралицата нагласила дека и двајцата се добредојдени ако се премислат.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.