По посетата на Германија од страна на рускиот претседател Владимир Путин канцеларката Меркел со телефонски разговор со Доналд Трамп на исти теми

Објавил: Мирко Бачиќ | 28 август, 2018 8:45

Меркел и Трамп разговарале и за Западен Балкан

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Доналд Трамп денеска телефонски разговарале, а меѓу темите бил и Западен Балкан, соопшти портпаролот на Меркел, Штефен Зајберт без да открие други детали.

Зајберт рече дека двајцата лидери изразиле заедничка загриженост поради развојот на ситуацијата во Сирија, особено поради хуманитарната ситуација во регионот околу Идлиб.

Тој додаде дека Меркел и Трамп разговарале и за Украина, Западен Балкан и за трговија, но не откри никакви други детали.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести