Иконите исто така беа оштетени, а иконостасот е уништен.

Објавил: admin@magazin | 4 март, 2020 23:14

Мигрантите ја уништија црквата Св. Ѓоргија: Искршени икони, иконостасот расфрлан во делови(ФОТО)

Фото/Текст извор: © Foto: Twitter/ReiNe Margot магазин.мк

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им даде на десетици илјади мигранти зелено светло да се преселат во границите на Европа, а после тоа се појави хаос, особено во Грција.

Во градот Морија, на островот Лезбос, мештаните пронајдоа навистина непријатен поглед во црквата Св. Ѓоргија.

Во градот Морија, на островот Лезбос, мештаните пронајдоа навистина непријатен поглед во црквата Св. Ѓоргија.

Работи се расфрлани во самата зграда, нечистотијата се шири низ подот. Иконите исто така беа оштетени, а иконостасот е уништен. Зачудените локални жители го снимаа хаосот неколку часа потоа. Многумина европски официјални претставници веќе го осудија потегот на Ердоган.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц го обвини за злоупотреба на бегалците со цел да изврши притисок врз ЕУ.

„Се случува да имаме бран бегалци само на грчката граница, но не и на границата со Бугарија. Не се луѓе од Сирија кои бегаат во Грција, туку луѓе кои со години живеат во Турција.

Претседателот Ердоган свесно ја организираше оваа акција. “, објасни тој.

Досега преку Едрене, Турција ја напуштиле 36.776 мигранти, соопшти пред два дена турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу.
„До 21 часот по локално време преку Едрене, 36.776 мигранти ја напуштија нашата земја“, напиша Сојлу во порака на „Твитер“, а пренесе новинската агенција „Анадолија“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја и претходно предупредувала дека нема да може да го поднесе товарот на новиот мигрантски бран и ќе мора да ги отвори границите доколку продолжат кризата и пристигнувањата од Сирија.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...