Според Милошоски никој нема да постапи надвор од волјата на граѓаните. Зошто би се блокирала волјата на "работодавачот" на пратениците, што во основа се гласачите

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 октомври, 2018 14:38

Милошоски: За уставните измени пратениците нема да одат против волјата на граѓаните, тие им се „работодавачи“

Фото/Текст извор: ©мкд.мк

Консултациите за обезбедување двотретинско мнозинство во Парламентот што ги најави премиерот Зоран Заев веројатно ќе се водат на лидерско или на ниво на политички партии, изјави за мкд.мк пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Милошоски вели дека, барем според информациите што тој ги има, засега не се почнати никакви консултации со пратеници, но не очекува дека некој ќе го смени мислењето што претходно го искажал за неприфаќање на уставните измени.

 Гласачите на референдумот покажаа дека се за неменување на Уставот. – коментира Милошоски.

Во услови кога претседателите на СДСМ и на ВМРО – ДПМНЕ остануваат на своите ставови, едниот дека за Договорот треба да се одлучи во Собранието, а другиот дека Договорот е мртов, проценката на Милошоски е дека ќе се “тера” кон предвремени избори.

Но, да почекаме да видиме дали во наредните два-три дена ќе има некаква средба, било на лидерите или на партиите. – вели Милошоски, додавајќи дека “ситуацијата налага тие да се сретнат”.

Во партиите не коментираат многу што ќе се случува наредните денови, иако неофицијално во владејачката партија навестуваат дека се можни разговори и со пратеници.

Веднаш по објавувањето на резултатите од референдумот премиерот Зоран Заев, а подоцна и вицепремиерката Радмила Шекеринска најавија дека во наредните 7 до 10 дена ќе се обидат да обезбедат мнозинство во Собранието за изгласување на уставните измени, а ако до тоа не дојде, ќе се оди на предвремени парламентарни избори и тоа уште во ноември за да се фатат роковите поврзани со Договорот со Грција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести