Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник, Милошоски со отворена поддршка кон претседателот на ВМРО - ДПМНЕ Мицкоски кој не поодлегнал на притисоците

Објавил: Мартин Попоски | 22 октомври, 2018 10:51

Милошоски со поддршка за Мицкоски, националните интереси пред се

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По теророт кој во петокот се случи во Собранието на Република Македонија, се огласи и поранешниот министер за надворешни работи на Македонија, актуелен пратеник од ВМРО – ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Милошоски беше гласен критичар на партиските кадрови политики, од процесот на кандидирање на актуелниот претседател Мицкоски се до одлуката како партијата ќе делува по прашање на референдумот за промена на името.

Откако 7 пратеници на ВМРО – ДПМНЕ подлегнаа на уцените, заканите и поткупот за да го дадат својот глас за уставни измени, се појавија традиционалните душегрижници за промена на актуелното раководство на партијата, првенствено на Мицкоски, но претседателот наидува на се поголема поддршка од имиња кои ја изградиле ВМРО – ДПМНЕ како државотворна партија.

Милошоски во својот пост на социјалните мрежи во дел и го образложи својот став:

Драматичните случувања во Собранието и нелегалниот чин против Уставот, барем дадоја појасна слика за тоа кој се залага да се испочитува вољата на народот од кој сме избрани, а на кого му се побитни заткулисните договори.

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, сепак покажа дека му е побитна демократската доверба која гласачите им ја дале на пратениците, и вољата на членството и симпатизерите.

Со тој став ја заслужи мојата поддршката и како пратеник, и како член на ВМРО – ДПМНЕ од 1992 година. Консолидацијата и единството во ВМРО – ДПМНЕ, врз основа на програмските определби, се потребни и полезни за демократијата во Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести