ГРОМ на Стевчо Јакимовски изгуби еден пратеник, откако Чедомир Саздовски премина во "независните", дали следен на ред пред гласањето уставни измени е Панчо Минов?

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 октомври, 2018 10:32

Минов ќе го (по)слуша партискиот лидер или Митко Јанчев?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Според списокот на пријавени пратеници, собраниската дебата пред пристапување на гласање за уставните измени, ќе се одржи утре, со тоа се зголеми и притисокот од власта врз пратениците да дадат нивна поддршка.

По се изгледа ГРОМ и Стевчо Јакимовски ќе ги изгуби пратениците во законодавниот дом. По откажувањето на партиска послушност на пратеникот од ГРОМ, Чедомир Саздовски, кој како мотив го наведен инцидентот во Собранието од 27 април минатата година, по што премина во т.н. група “независни” пратеници, неизвесно е како ќе делува преостанатиот пратеник, Панчо Минов.

Имено поранешниот долгогодишен градоначалник на Општина Каварадци, Панчо Минов по извори од партиите, важи за особено близок човек до актуелниот градоначалник Митко Јанчев.

Митко Јанчев од партиската функција на потпретседател на ВМРО – ДПМНЕ соопшти дека кога тој би бил пратеник во законодавниот дом, не би се двоумел многу и би гласал за уставните измени, затоа што тие биле единствениот пат кон ЕУ и НАТО интеграциите.

Јанчев воедно посочи дека би преговарал и за амнестијата која Заев индиректно ја понудил преку поимот национално помирување.

Одтука не е јасно делувањето на пратеникот Панчо Минов, чил претседател, Стевчо Јакимовски изјави дека нема да ги поддржи уставните измени.

Прашање е кој има поголемо влијание врз Минов, неговиот партиски претседател или неговиот пријател?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.