Мицкоски ги повика сите граѓани за да се обединат околу ВМРО-ДПМНЕ.

Објавил: Македонка Димкин | 23 август, 2023 10:06

Мицкоски: Европа и Светот прават стратегија како да го скршат ВМРО да гласа за уставните измени

Фото/Текст извор: ©Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоки, вечерва во Кичево кажа дека Европа и светот прават стратегија како да ги натераат 44 пратеници на партијата да ги изгласаат уставните измени.

„Ќе работиме чесно, одговорно и посветено за граѓаните, тоа се современите патриоти. Нема веќе современи патриоти кои ќе напишат 3-4 статуси на Фејсбук, такви нема веќе. На дело, кои ќе ги засукаат ракавите за ВМРО-ДПМНЕ и пред се за Македонија. Се останато е лага“, изјави Мицкоски.

Тој рече дека  додека ова го зборува  сме соочени пред историски предизвик.

„Европа, Светот прави стратегија како да го скрши ВМРО-ДПМНЕ и оние 44 пратеници да изгласаат предавнички уставни измени. Немојте да мислите дека Ковачевски, Ахмети или Османи се тие, и немојте да мислите дека е лесно. Не е лесно. Силна борба се води за да се одбрани честа на македонскиот народ кои овие корумпирани, ситни владини функционерчиња го продадоа македонскиот народ. Ќе се бориме, не знам дали ќе успееме, можеби нас ќе не нема, но ќе се бориме, и ќе издржиме и јас ветувам, уставни измени под бугарски диктат нема да има, тоа го имате од мене како ветување“, изјави Мицковски.

Мицкоски ги повика сите граѓани за да се обединат околу ВМРО-ДПМНЕ.

„Денеска ВМРО-ДПМНЕ ја има честа да го брани и одбрани можеби еден од  најмалубројните народи во Европа, тоа е македонскиот народ. И колку да ви кажуваат било какви романтични предлози и идеи дека ќе направиме вака и така, верувајте тие ве мамат“, нагласи Мицкоски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести