Во меѓувреме симпатизерите и членството на ВМРО - ДПМНЕ масовно ја поддржуваат акцијата "Бојкотирам"

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 август, 2018 9:07

Мицкоски има став за Референдумот ама ќе го каже за 30 дена на 10-ти септември

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски по долгиот молк конечно соопшти дека до 10-ти септември ќе соопшти дали ќе го повика на бојкот членството – дали ќе гласа против или ќе го поддржи референдумот за името на 30-ти септември.

“Не е точно дека ВМРО – ДПМНЕ нема став по ова прашање. Во минатото во многу наврати го има кажано и повторено својот став што се однесува на принципот за промена на Уставот а со цел промена на уставното име.” – рече Мицкоски.

Посочи дека партијата летово има акција “Лето за Македонија” и во нејзини рамки се консултира со многу граѓани на дневна основа како и со членовите и раководството на партијата и општинските комитети.

“Впрочем кампањата за референдумот почнува на 10-ти септември. Дотогаш се надевам дека оваа акција ќе трае така што јавноста благовремено ќе биде информирана за сите чекори на ВМРО-ДПМНЕ.” – истакна Мицкоски.

Коментирајќи ги информациите објавени во јавноста по последната лидерска средба за Мицкоски ВМРО – ДПМНЕ многу активно учествувала на лидерската средба со свои предлози околу евентуалниот референдум имајќи предвид дека мнозинството во Собранието го распишува референдумот. Ги повикале колегите од СДСМ и ДУИ како што кажа да се почитува законот за референдум и Уставот како и препораките на Венецијанската комисија и оти прашањето не смее да биде збунувачко и да има повеќе значења.

“ВМРО – ДПМНЕ и тогаш даде свој предлог: “Вашиот став за договорот кој што го потпиша МНР Димитров во името на РМ и МНР Коѕијас во името на Владата на Република Грција на 17 јуни во Псарадес [ Нивици ] – за или против.” – рече Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.