Јас во Армијата, во гардискиот баталјон, сум се заколнал дека ќе ја бранам независноста и суверенитетот на Република Македонија

Објавил: admin@magazin | 17 април, 2019 7:23

Мицкоски: Ако бидам премиер ќе ја викам Македонија, па нека ми го земат мандатот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во дебатата на „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека кога би бил премиер нема да го користи новото уставно име на Македонија дури и по цена „да му го одземат мандатот“.

Нема да ја користам придавката на новото уставно име на Македонија па ако сакаат и нека ми го одземат мандатот – рече Мицкоски запрашан за тоа како би постапувал доколку би ја водел идната македонска влада.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш порача: Ова е Македонија, јас сум Македонец и земјата ќе ја наречувам Македонија.

Јас во Армијата, во гардискиот баталјон, сум се заколнал дека ќе ја бранам независноста и суверенитетот на Република Македонија. Тоа е мое право. Дали некој оваа држава ќе ја нарекува Марс или некако како вие што кажавте, тоа е негово право. Има органи во оваа држава, нека се позанимаваат. Ако грешам, нека дојдат и нека ме уапсат. Нека ме казнат, но тоа е мое право, порача Мицкоски.

На сугестијата дека треба да се обиде да привлече гласови и од албанската етничка заедница за претседателските избори како што тоа наводно го направил претходниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, во случајот со Борис Трајковски, Мицкоски рече дека нема намера да тргува со албански гласови преку партии од албанскиот политички блок.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.