Поранешниот директор на УБК и прв братучед на поранешниот премиер Никола Груевски е уапсен по повикот на јавноста до премиерот и Катица Јанева дека има повластен статус

Објавил: Мартин Попоски | 21 ноември, 2018 6:07

Мијалков 30 дена во Шутка, “хашката” соба му ја зафатил Камчев

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот декаден директор на УБК, Сашо Мијалков, од страна на судскиот совет на Кривичен Суд Скопје доби времена мерка 30 дневен притвор, а на барање на СЈО.

Имено СЈО доставило информации за можност за бегство на Мијалков, кој е првоосомничен за предметот Тврдина – Таргет а кој се однесува на масовното нелегално прислушкување. По бегството на Груевски кое наводно беше изненадување за сите, Оливер Спасовски тврдеше дека тие не можат да следат лице кое е на слобода.

Но очигледно дека тоа не е така и дека Спасовски уште еднаш излажа повеќе, ако обвинетите лица а кои се на слобода не се следени од каде тогаш информации за можност за бегство, и последователно прашање како тоа веднаш знаеја каде се наоѓа Сашо Мијалков?

Мијалков, како што веќе информиравме беше приведен во скопскиот хотел “Мериот” кој во дел е негова ко-сопственост и како што јавуваат очевидци, апсењето не траело повеќе од една минута.

Поранешниот директор во УБК во затворот Шутка е сместен во обична ќелија со други притворени лица кои не се поврзани со ниеден од предметите на СЈО.

Обвинетото лице Сашо Мијалков не е сместен во хашките ќелии, како што ги нарекувате. Тој е сместен во ќелија на приземјето од затворот, со други осомничени лица. – изјавил директорот на затворот Шутка Ѓоко Котевски.

Хашката келија се наоѓа на горниот спрат и е зафатена од неговиот кумашин Орце Камчев кој е во притвор по барање на СЈО за предметот “Империја”.

Потсетување од каде се корените на прислушкувањето во Македонија.

На 23 јануари 2015 година бил уапсен во т.н. полициска акција „Пуч“ под сомнение дека нелегално поседувал оружје и детска порнографија. Подоцна, на Верушевски му бил продолжен притворот под сомнение за шпионажа и насилство спрема највисоките државни органи. Освен Верушевски, во акцијата била приведена и неговата сопруга која му помагала при извршувањето на делата, како и локален функционер од Општина Струмица, додека лидерот на опозицијата Зоран Заев бил обвинет за насилство спрема претставници на највисоките државни органи.

Се почна со аферата „Големо уво“ кога лидерот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски, на 17 јануари 2000 година на прес-конференција во седиштето на партијата обелоденил стенограми од разговори на политичари, новинари и дипломати кои биле прислушкувани. На 22 јануари, Основното јавно обвинителство испратило барање до Основниот суд Скопје 1, барајќи да се спроведат истражни мерки и сослушување на 70 сведоци. Обвинителот Марко Зврлевски во текот на спроведување на истрагата барал одговор од Бранко Црвенковски да каже кој му ги дал транскриптите, но тој одбил да одговори. Се смета дека материјалите на Црвенковски му биле дадени од страна на Зоран Верушевски, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Вештачењето што било направено во 2001 година, покажало дека Министерството за внатрешни работи и Македонски телекомуникации имале соодветна опрема за прислушување.

Во 2003 година за аферата биле обвинети министерката за внатрешни работи Доста Димовска и началникот на управата за оперативна техника во МВР, Александар Цветков. Двајцата, скопското обвинителство ги товарело како нарачатели.
Аферата завршила кога претседателот Борис Трајковски ги помилувал (АБОЛИЦИЈА)  Доста Димовска и Александар Цветков. Поради незадоволство од исходот, дел од новинарите кои биле прислушкувани, ја тужеле Македонија и пред судот во Стразбур во 2006 година.

Во 2013 година, 17 новинари го добиле случајот во судот во Стразбур

Денес првообвинетиот во случајот пуч Верушевски, денес  е слободен човек, обвинението против него беше повлечено како прв потег на Катица Јанева која пак е очигледно само послушник на креаторот на концептот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести