Главните новинари уредници на телевизија 24 и канал 77 ,кандидирани за претседатели за Здружението на новинари на Македонија.

Објавил: admin@magazin | 13 декември, 2018 16:08

Младен Чадиковски и Стојанче Наумов официјални кандидати за претседател на ЗНМ

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Новинарот на канал 77,Стојанче Наумов и главниот и одговорен уредник на Телевизија 24 Младен Чадиковски се единствените двајца луѓе кои поднесоа кандидатури за челната позиција на Здружението на новинар на Македонија.

Од овие двајца новинари еден ќе постане иден претседател на новинарското здружение на Македонија.
Од Здружението на новинар во Македонија информираат дека пристигнале вкупно (41) кандидатури, од кои 2 за Претседател на Здружението, 29 за членови во Управниот одбор, 6 за членови на Надзорниот одбор и 4 за членови во Советот на честа.

17 февруари 1946 година во Градскиот народен одбор во Скопје, на повик на Акциониот одбор за основање на Здружение на професионалните новинари на Народна република Македонија, се состанаа новинарите од следниве скопски редакции: “Нова Македонија”, “Трудбеник”, “Единство”, Радио Скопје и дописништвото на агенцијата Танјуг и го основаа првото здружение на новинарите во историјата на Македонија. Здружението секоја година ги доделува новинарските награди „Крсте Мисирков.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) е официјалното здружение на професионалните новинари од Република Македонија и членка на Меѓународната федерација на новинари.

Основано е на 17 февруари 1946 година во Скопје како Здружение на професионалните новинари на Народна Република Македонија.

Сегашен претседател е Насер Селмани, новинар на Вест.Здружението секоја година ги доделува новинарските награди „Крсте Мисирков.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести