Ова е добар ден за двете земји, како и за Европската Унија

Објавил: admin@magazin | 17 јуни, 2018 12:52

Могерини: Ова е историски ден

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По потпишаниот договор за името денеска во Преспа, се огласи и Федерика Могерини.

– Ова е добар ден за двете земји, како и за Европската Унија, Европа и Балканот. Ова е историски ден, се сеќавам на првите чекори на преговорите, и со поранешните министри. Многумина беа скептични. Благодарение на посветеноста, храброста и лидерството, се случуваше овој процес чекор по чекор, вели Федерика за медиумите.

Додава дека со дијалог и дипломатијата ова е вин-вин решение.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.