На прашањето дали размислува за забрана за увоз на руска нафта пред неговата посета на Висконсин, Бајден рече: „Ништо не е исклучено“.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки претходно изјави за Си-Ен-Ен дека администрацијата на Бајден размислува за санкции за увозот на руска нафта, но дека сака да ги минимизира ефектите од оваа одлука во САД.

„Се уште е на маса“, рече Псаки за можноста.

Објавил: Перо Милчин | 3 март, 2022 5:40

Можни се санкции на увоз на руска нафта, вели Бајден

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Американскиот претседател Џо Бајден денеска не ја исклучи забраната за увоз на енергија од Русија, на седмиот ден од руската воена интервенција во Украина, јавува Анадолија.

На прашањето дали размислува за забрана за увоз на руска нафта пред неговата посета на Висконсин, Бајден рече: „Ништо не е исклучено“.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки претходно изјави за Си-Ен-Ен дека администрацијата на Бајден размислува за санкции за увозот на руска нафта, но дека сака да ги минимизира ефектите од оваа одлука во САД.

„Се уште е на маса“, рече Псаки за можноста.

Русија денес ги засили нападите врз украинските градови, а двете страни изразија подготвеност да ги обноват разговорите со цел да се стави крај на војната што трае речиси една недела.

Москва соопшти дека ја презела контролата врз Херсон, пристанишен град на Црното Море, тврдење што беше оспорено од советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.