Дебатата помеѓу Апасиев и Богоески беше пример за тоа како една дебата не треба да изгледа.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 3 март, 2020 12:27

Мора да му замериме на Апасиев што не е доволно арогантен!

Фото/Текст извор: ©магазин

Услов за развој на демократиските капацитети на едно општество е редовна и здрава сеопшта дебата. За дебата се потребни најмалку две спротиставени страни, односно две тези кои ќе бидат пуштени на логички и аргументативен тест. Освен логичката издржаност на тезата, оној кој ја претставува или брани тезата треба да биде вешт оратор. Не случајно во Антика, пред сè Грција, а потоа и Рим, постоел идеал на државник, филозоф и оратор. Ако не други, тогаш сигурно секој од нас го знае Кикерон. Ако ја прочитате неговата биографија тогаш ќе видите дека опишува како државник, филозоф и оратор.

Забележливо е дека ораторските способности на македонските политичари се доста слаби. Пред сè тие не се подготвени да го држат вниманието на публиката и да имаат јасен и концизен израз. Многумина од нив имаат и говорни маани што ја влошува нивната дикција и создава пречки кај слушателот. Тоа, пак, дополнително произведува губење на внимание кај публиката. Да се потсетиме дека еден од нашите премиери имаше говорна маана дури во изговарање на две букви – л и р. Неговите демангошки способности беа толку слаби, да мораше да произведува друг тип на сила за да го одржи популизмот. Поради слабите реторски моќи за жал никогаш не успеавме да го видиме во дебата со некој негов политички опонент. На вчерашата дебата во „Само вистина“ и Богојески и Апасиев затајуваа кај некоја буква. И покрај истакнатите вербални способности на Апасиев, неговото нечујно „л“ го отежнуваше слушањето на дебатата.

Дебатата во Македонија се разбира на погрешен начин

Со однос на нивото на упатеност не очекувам дека Богојески ќе знае дека ова на се личи само на дебата не. Но од Апасиев се очекуваше да биде посвесен дека не треба да се однесува со игноранција кон фактот дека ова не е дебата.

Кога се дебатира обично се напаѓа аргументот на другиот, се бараат слабости во туѓиот аргумент и таа постапка во логиката е најбазична и се нарекува „редукција на апсурд“ на спротивното тврдење. Потем за изградување на сопствената позиција се ставаат аргументативни темели за својата теза која се изложува на логички тест од опонентот кој исто така бара некоја противречност во вашата теза. Кај нас дебатите не се сведуваат на напаѓање на аргументот на противникот, туку напад на неговата личност, тој пример во логиката се нарекува – користење на аргумент ад хоминем. Тоа е случај во кој не го напаѓате самиот аргумент туку оној кој го искажува аргументот, а тоа е сосема нерелевантно за логиката. Често се забележува и дека во јавните дебати не се напаѓа аргументот иманентно, туку се оценува и вреднува со изговарање на: „е сега кажавте глупости“ или „мало сутра“ или куп други вредносни етикети. Со тоа се поставува позиција на моќ и авторитет кој со давање на оценка го дискредитира аргументот, но не удира во неговата суштина и вистинско значење.

Трет проблем со јавните дебати е во тоа што секој може да дебатира

Така генерално се разбира демократијата низ правото секој да го изрази своето мислење. Но сепак, за дебатирање и изнесување на мислење, мора прво да изградите мислечко „јас“ и мислечки капаитети. Мислење не е иста постапка со репродукција на тврдења кои сте ги слушнале од другите, напамет сте ги научиле или сте ги искусиле во тесно поле на евиденција. Мислење е многу бременита постапка која бара влечење на импликации до недоглед. Не може секој да мисли, а тој што нема мислење како може да има право да го изразува. Правото на дебата и изразување на мислење се етаблира на просветителскиот концепт, секој да има можност да се образува односно да се просветлува. Ако сакате да се изразувате и имате мислење, мора прво да го испечете занаетот на мислење и за тоа е потребна филозофија. Не случајно мудреците од античко време барале државникот да е и оратор и филозоф.

Понекогаш во дебатите ми пречи тој недостиг на ароганција. Не може да се дебатира со секој и не смее да се учествува во дебата која е квази дебата. Дефинитивно Апасиев требаше да покаже поголема ароганција и да одбие да седне на заедничка дебатна маса со Богојески, или во најдобар случај да се однесуваше како да не е на дебата, туку на кафанска маса каде што е дозволено, жаргонски кажано „подјебавање“.

 Дебатата подразбира дијалог, подразбира прашања, подразбира слушање и занимавање повеќе со спротивната теза одошто со сопствената, дебата понекогаш значи и да се прифати спротивната теза ако за неа се изнесени повеќе аргументи. Но за жал кај нас дебата се нарекува – испитување на презентерските и шминкерските моќи на учесниците. Победник во дебатата е секогаш оној кој бил најголем мангуп, што правел најсимпатични гримаси или што делувал попаметен од другиот.

Автор: Магдалена Стојмановиќ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...