Македонската православна црква - Охридска архиепископија уште лани се изјаснила против промена на името, идентитетот, јазикот и унитарноста на Македонија и Македонската нација

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 август, 2018 8:32

МПЦ – ОА со порака до Заев да прекине да се пазари со името и идентитетот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со одлука на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ – ОА од 2017 година објавена во службениот весник на нашата православна црква е донесена одлука со која МПЦ – ОА застанува во одбрана на името на државатаа, нејзиниот идентитет, јазик и унитарноста на Република Македонија.

Одлуката САС при МПЦ – ОА ја донел на 6 Номеври 2017 година по што била објавена во Службениот гласник на МПЦ – ОА но негирања од македонската Влада на Заев и Ахмети.

Синодот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА) контра Заев и неговата антидржавна политика за промена на името на Република Македонија, застанува во одбрана на името на државата со што паѓаат во вода сите индивидуални делувања на дел од свештениците и владиците кои манифестираат поддршка на референдумот за промена на името.

Синодот апелира до државните институции да го зачуваат Уставот на Република Македонија, уставното име, идентитетот, јазикот и унитарниот карактер на државата.

Од МПЦ – ОА нотираат дека ги реафирмираат досегашните непроменливи ставови, а кој се однесуваата на непроменливост на уставното име на Република Македонија, уставната позиција на македонскиот јазик, унитарниот карактер на Република Македонија, како и да не се отстапува од македонскиот национален идентитет.

Ваквиот став на МПЦ – ОА е во целосна кохезија со македонските национални интереси и спротивно на политиката на владата на Република Македонија, која го турка капитулантскиот договор за промена на името на Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести