Според извори од Вечер, Катица Јанева, вчера попладне влезе во Македонија од Грција на граничниот премин Богородица.

Објавил: Перо Милчин | 11 август, 2019 13:30

НАЗАД ВО РЕАЛНОСТА: КАТИЦА ЈАНЕВА СЕ ВРАТИ ДОМА!

Фото/Текст извор: ©вечер

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, чие име деновиве е во интерес на јавноста во врска со најголемиот корупциски скандал во земјава РЕКЕТ, од вчера е во Македонија.

Според извори од Вечер, Катица Јанева, вчера попладне влезе во Македонија од Грција на граничниот премин Богородица.

Со тоа паднаа во вода шпекулациите дека специјалната обвинителка нема да се врати во земјава, поради случајот РЕКЕТ иако таа до сега не е ни осомничена за овој скандал во кој на неколку емитувани аудио снимки се слуша нејзиниот глас.

Катица Јанева по избивањето на аферата, истиот ден кога беа притворени Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, поднесе оставка, а набргу потоа замина на одмор.

Катица Јанева по избивањето на аферата, истиот ден кога беа притворени Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, поднесе оставка, а набргу потоа замина на одмор.

На социјалните мрежи осамнаа неколку фотографии од Јанева на плажа во Ханиоти, иако до сега не е потврдено дали фотографиите се оригинални од одморот ова лето.
Според информации на весникот „Вечер“, Јанева е повикана во вторник во судот да даде исказ во врска со овој скандал, а утре исказ треба да даде обвинителката Лиле Стефанова, чие име исто така се спомнува во аудио снимките поврзани со случајот РЕКЕТ, кои во неколку наврати ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“.

Од ОЈО, за весникот ВЕЧЕР, велат дека според тајмингот во овој момент, Стефанова треба да се јави за да даде исказ во вторник, а за Катица Јанева се уште нема утврден термин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.