Јаболката го намалуваат „лошиот холестерол“ за дури 38 проценти. Но, за да се постигне ова, треба редовно да ги консумирате или да пиете сок.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 декември, 2019 21:34

Намирници кои чинат здравје- ореви, град, овес лек за маснотиите во крвта

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Некои луѓе се мака мачат со маснотии во крвта, особено холестеролот, иако не припаѓаат во редот на гурманите. Се разбира, истото се случува и со оние кои не можат да се пофалат со здрава исхрана. Нутриционистите велат дека е можно регулирање на маснотиите и холестеролот со пет клучни намирници.

Јаболката го намалуваат „лошиот холестерол“ за дури 38 проценти. Но, за да се постигне ова, треба редовно да ги консумирате или да пиете сок.

Оревите обезбедуваат најголем процент на „добар холестерол“.

Оревот е овошје кое е исклучително хранливо и лековито, најздраво од сите видови на јаткасти плодови, бидејќи е најбогато со антиоксиданси.

Гравот е богат со растворливи влакна кои го забавуваат варењето и ве прави подолго време да се чувствувате сити. Една чаша (250г) варен црвен грав на пример обезбедува 60% од потребната дневна вредност на диетални влакна.

Гравот, богат со растителни влакна, може да го намали холестеролот за шест проценти за само еден месец и половина.

Гравот има исклучителна енергетска вредност, а ги содржи речиси сите есенцијални аминокиселини.Освен тоа, содржи и лецитин, како и минерали како калиум, калциум, железо, фосфор, магнезиум, цинк и натриум. Претставува одличен извор на протеини, со многу малку масти, не содржи заситени масни киселини, ниту пак холестерол.
Испитувањата докажуваат дека луѓето кои јадат грав имаат 22% помал ризик од прекумерна тежина и е поголема веројатноста да имаат помал обем на струк отколку луѓето кои не јадат грав.

Овесот е богат со растителни влакна и познат непријател на штетниот холестерол.

Лукот со дневна доза од само 5 мг во таблети, успева да елиминира завидни 11 проценти од холестерол. А за да ви се подобри циркулацијата на крвта, доволно е да јадете само еден лук деневно.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...