Бужаровски и Јорданоска обвинувале неосновано?

Објавил: admin@magazin | 30 јуни, 2018 22:59

Напната атмосфера на Факултетот за музичка уметност во Скопје

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

По објавеното писмо на проф. д-р Димитрије Бужаровски и проф. Трена Јорданоска на нашиот портал, Јорданоска испрати писмо до нашата редакција со барање да го повлечеме. Во интерес на јавноста, а согласно законските прописи, сепак, Магазин.мк реши да не го повлече писмото кое беше до Ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Министерот за образование и наука, Министерот за финансии, Директорот на Државниот просветен инспекторат, членовите на Ректорската управа, членовите на Сенатот на УКИМ и членовите на Наставно-научниот и уметнички совет на Факултетот за музичка уметност – Скопје. 

Декан на ФМУ – Скопје, проф. Зоран Пехчевски

На барањето од редакцијата на Магазин.мк до Деканот на Факултетот за музичка уметност во Скопје за изјава по повод обвинувањата за грубо прекршување на принципите за отворање нови работни места и мобинг од страна на Бужаровски и Јорданоска, деканот накусо одговори: „Ваков текст не заслужува коментар, а уште помалку демантирање, кои би требало да бидат презентирани во јавноста. Следните постапки и мерки кои што ќе бидат превземени ќе бидат во согласност со важечките законски прописи и правната регулатива“.

Редакцијата на Магазин.мк побара изјави од професорите кои биле присутни на седницата на Факултетот за музичка уметност на 27 јуни 2018 година. Дел од нив не сакаа да коментираат, додека дел од нив (кои побараа да останат анонимни) тврдат дека Бужаровски и Јорданоски се однесувале крајно некоректно и несоодветно кон Деканот на ФМУ, Деканската управа и целиот совет, што не доликувало на нивните звања и титули. 

„Атмосферата била толку напната, до сега невидено во оваа високообразовна институција, а всушност наликувало на мобинг токму од страна на оние кои го тврдат спротивното„ – вели еден од нашите извори. Бужаровски и Јорданоска имале вербален конфликт со повеќе колеги, и вршеле притисок се’ со цел да се одложи точката на дневниот ред.  

Сепак, најголемиот дел од членовите на Советот на ФМУ се изјасниле позитивно за предлозите на Деканската управа, додека Бужаровски и Јорданоска не добиле речиси никаква поддршка, што било причина за упатување на писмото со обвинувања кон Деканот и шефот на катедрата – проф. Живоин Глишиќ. 

Колегите кои добро го познаваат Бужаровски велат дека тој е контраверзна личност кој најчесто се борел за сопствените интереси и често пати влегувал во конфликти со своите колеги кога неговите ставови и барања не биле задоволени. 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...