Правните пропусти на Факултетот за музичка уметност во Скопје можат да доведат до крах на приемните испити

Објавил: admin@magazin | 2 септември, 2018 10:04

Ќе пропаднат ли приемните испити на ФМУ-Скопје!?

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Дали се доведени во прашање легитимноста на приемните испити на Факултетот за музичка уметност во Скопје, е прашања кое многумина родители го поставуваат откако објавениот претседател на Конкурсната комисија за приемните испити, проф. Васо Ристов, е назначен за Директор на Македонската опера и балет.

По оставката на деканот проф. Зоран Пехчевски, ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски  на 10 август го назначи проф. Тодор Светиев за в.д. декан, кој треба да спроведе постапка за избор на нов декан на ФМУ и да ги спроведе приемните испити на факултетот, за кои пријавени се повеќе од стотина кандидати.

В.д. декан на ФМУ, проф. Тодор Светиев

По изборот на проф. Васо Ристов за директор на Македонската опера и балет, факултетот остана без продекан за настава, кој според Правилникот за прв и втор циклус студии на УКИМ кој треба да раководи со Конкурсната комисија задолжена за реализација на приемните испити.

Работното место на проф. Васо Ристов е во мирување, додека в.д. деканот Тодор Светиев сеуште нема поставено нов продекан за настава или вршител на должноста, со што доведено е во прашање легитимноста на приемните испити на факултетот, чии резултати од приемниот испит ќе останат без потпис од овластен продекан за настава.

Ситуацијата дополнително е компликувана поради учеството на ќерката на в.д. деканот, доц. Кристина Светиева, што претставува конфликт на интерес  поради што родителите би можеле да поднесат приговори за успешноста и непристрасноста на конкурсната комисија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...