Реакција на Синдикалната организација на Факултетот за музичка уметност - Скопје

Објавил: Едмонд Бекири | 3 октомври, 2018 14:31

Незаконското работење на в.д. деканот на ФМУ Тодор Светиев продолжува

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Новата учебна година која започна на 1. октомври на Факултетот за музичка уметност започна незаконски.

Иако според Законот за високо образование распоредот на работни задачи за тековната година треба да биде истакнат на веб страната на факултетите најдоцна 10 дена пред почетокот на учебната година, ФМУ-Скопје сеуште нема истакнато распоред на својата официјална веб страница. Се чини дека в.д. деканот проф. Тодор Светиев нема ниту намера во скоро време да ги објави работните задачи на професорите, имајќи предвид дека истите треба претходно да бидат усвоени од Наставно научен и уметничкиот совет на факултетот, а таква седница немала цел месец, а ниту пак е закажана во наредните денови.

 Самите професори минатата недела побараа итна седница на советот, токму за ова прашање, но се чини дека ова ќе биде трето одбиено барање за одржување вонредна седница на факултетот.

Проф. Дарија Андовска

„Импровизациите во работниот процес, прекршувањето на закони и нелегитимното раководење без назначување на соодветни работни тела (како в.д. деканска управа) на ФМУ, најстарата институција за високо образование од областа на музичката уметност, веќе му нанесе сериозни штети и во функционирањето и на реномето, кои треба час поскоро да се санираат и санкционираат како не би довеле до комплетен колапс“ – вели композиторот и проф. Дарија Андовска.

Со назначувањето на в.д. деканот Светиев пред 2 месеци, настанаа бројни проблеми што предизвика голем револт и незадоволство кај вработените што доведе до бројни преставки и писма на вработените до сите релевантни институции.

Вработените се обратија до Државниот просветен инспекторат, Ректоратот на УКИМ, Управата за финансиска полиција поради незаконското намалување на платите на вработените, Министерството за образование и наука и до Собранието на Р. Македонија.

Проф. Живојин Глишиќ

„Демонстрирање на вакво самоволие е непознато во историјата на факултетот. В.д. деканот кој е назначен пред се’ за спроведување на избор на декан, изборот го става во мирување, наместо законските управни органи формира нелегална работна група која додека ги крати платите на останатите вработените безкурпулозно и незаконски ги зголемува сопствените. Проблемите се зголемуваат секојдневно што може да доведе до комплетен распад на образовниот процес на факултетот“ – вели проф. Живојин Глишиќ.

Постапката за избор на нов декан, е стопирана без соодветна одлука од страна на в.д. деканот, кој ја стопира преку известување до вработените по електронска пошта заради, како што пишува деканот, писменото укажувањето од страна на  Ректорот проф. Никола Јанкуловкси, а што според надлежните државни институции е незаконски и во моментот се испитува.

Проф. Сони Петровски

Претседателот на Синдикалната организација на ФМУ-Скопје, проф. Сони Петровски во својата изјава вели “дека вработените се загрижени поради бројните груби прекршувања на Законот за високо образование и злоупотреба на службената должност на в.д. деканот и т.н. работна група на чело со проф. Димитрије Бужаровски“, и дека „доколку итно не се стави крај на ваквиот однос кон факултетот, универзитетот и вработените, ќе бидеме приморани да се заштитиме себе си, колегите и студентите со сите можни законски и демократски средства. Извршен е увид од Државниот просветен инспекторат и очекуваме итна реакција заради нормализирање на тешката ситуација во која се наоѓа факултетот“.

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...