По обвинувањата за мобинг, деканот на ФМУ ја напушта деканската функција

Објавил: admin@magazin | 10 август, 2018 16:01

Деканот на ФМУ поднесе оставка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Магазин.мк дознава дека Деканот на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. Зоран Пехчевски, поднел оставка. 

Наводно, оставката била поднесена на 6 август 2018  заедно со негово писмено произнесување на барањето на ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски, а во врска со обвинувањата за мобинг од страна на колегите на деканот, проф. Димитрије Бужаровски и проф. Трена Јордановска.

Оние кои го познаваат Пехчевски велат дека „тој е прекрасен колега и раководител кој секогаш се стреми да има коректен однос со сите студенти и вработени во колективот, а дека најверојатно подлегнал на безкруполозните притисоци од неговите колеги кои на недоличен начин реагирале за новоотворените работни места, поради неоправдан страв, давајќи јавна димензија на целиот скандал нарушувајќи го угледот не само на деканот, туку и на целиот факултет“.  

Факултетот за музичка уметност во Скопје веќе неколку дена е без раководно лице, додека продеканот пак, проф. Васо Ристов, е назначен за директор на Македонската опера и балет. 

Сето ова може да влијае врз претстојните приемни испити и организацијата на новата учебна година, доколку ректорот итно не назначи в.д. декан до одржување на избор за нов декан кој треба да го спроведе научно-наставничкиот совет на ФМУ – Скопје.  

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.