Либерална политика на трошење повеќе од што треба и во погрешни сектори, причина за протести низ цела Франција против политиките на претседателот Емануел Макрон

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 октомври, 2018 6:51

Народот против Макрон, големи протести против социјалната политика на претседателот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Неколку десетици илјади средношколци, студенти, работници, службеници и пензионери протестираа ширум Франција, првпат од почетокот на училишната година, барајќи од претседателот Емануел Макрон “помалку либерална” политика.

Во текот на денот во цела Франција се собрале околу 300.000 лица, според податоците на еден од челниците на влијателниот синдикат CGT, Филип Мартинез, кој собирите ги оцени за успешни.

Разни извори, меѓутоа, наведуваат различни бројки. Така во Париз во протесната поворка учествувале околу 11.500 луѓе според полицијата, а 50.000 според податоците на синдикатите. Стотина собири биле одржани ширум земјата.

Во Нант, се собрале 5.400 демонстранти, Во Лион 4.300 и во Тулуз 3.700 незадоволници, според податоците на полицијата. Организациите на пензионерите го избраа 9-ти октомври за протест против ревалоризацијата на пензиите, кои ги оценија како незадоволувачки.

Синдикатите се надеваат дека ќе бидат организирани нови собири за да извршат притисок врз преговорите или социјалните реформи коишто ги подготвува владата на претседателот Емануел Макрон. Потребно е да се избалансира таа политика која се движи кон англосаксонскиот модел, изјавил секретарот на локалниот синдикат на CGT на собирот во Рен.

Излудува тоа што плаќаме сe поголеми дивиденди на акционерите, додека болниците, училиштата и невработените ни трпат. -истакнала учесничка на собирот во Тулуз.

Обемниот план за реформи на претседателот Макрон, избран во пролетта 2017 година, предизвика низа протести досега, особено против реформите на француската државна железница SNCF, што го предизвика најдолгиот штрајк во историјата на оваа компанија.

Досега протестите не успеаја да ја принудат владата да се повлече, но популарноста на претседателот Макрон падна на многу ниско ниво.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...