Не се сите Бугари од Македонија ВИП Бугари

Објавил: Македонка Димкин | 20 јуни, 2023 23:19

Натепаниот Кадриески се враќа во Струга за да се бори за Бугарите, нема привилегии како што доби Пендиков

Фото/Текст извор: ©Магазин

Натепаниот копретседател на бугарското здружение во Струга, Бекир Кадриески е во добра состојба. Тој со канила на раката, се сликаше со Виктор Стојанов, основач на фондација во земјава, кој има забрана за влез во Македонија.

Кадриески делувајќи како Христијан Пендиков, а ставајќи етничка етикета на тепачката, доби лекување во Бугарија, но не и живеалиште, државјанство, обезбедување како што претходно беше случај. Тој ќе се врати во Македонија, најави Стојанов.

„Бекир Кадриески е добро и наскоро ќе се врати во Северна Македонија за да ја продолжи борбата за човековите права на Бугарите во Македонија“, напиша Стојанов, кој потоа додаде: Напаѓачот на Бекир Кадриески не е обвинет за тепањето што му го нанел и е во бегство. Ова е државата Северна Македонија. Нема да има правична истрага, како што бара Министерството за надворешни работи на Бугарија“.

На оваа тепачка и се стави етнички предзнак по изјавата на Кадриески дека бил навреден од страна на тепачот. МВР соопшти дека станува збор само за нарушување на јавниот ред и мир и дека нема дело, но ќе има соодветен поднесок. Од бугарските власти дојде осуда и барање за правична истрага.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.