По разорниот земјотрес и цунамито кое следеше, во Индонезија сеуште се бројат жртвите, чија бројка се искачи на над 1.450 загинати, уништени 65.000 објекти, а раселени над 60.000 луѓе

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 октомври, 2018 7:02

Најнов биланс на жртвите од земјотресот во Индонезија: 1.450 загинати

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во силниот земјотрес и цунамито што во петокот го погодија индонезискиот остров Сулавеси, според последните податоци, загинаа најмалку 1.450 лица.

Информацијата за медиумите ја соопшти портпаролот на Националната агенција за справување со катастрофи на Индонезија, Сутопо Пурво Нугрохо.

Најголемиот број од жртвите се од градот Палу и од соседното место Донгала.

Според Нугрохо, досега се погребани само 519 од загинатите лица.

Во земјотресот беа уништени повеќе од 65.000 објекти, а раселени се повеќе од 60.000 луѓе на кои им е неопходна помош.

Во меѓу време, индонезиските власти распоредија дополнителни припадници на безбедносните сили во Палу, со цел да ги штитат клучните инфраструктурни објекти, како аеродормот, и да спречат кражби.

Палу денеска ги посети и индонезискиот претседател Џоко Видодо, која нагласи дека во погодените подрачја пристигнуваа помош од странство.

Најмалку седум карго авиони утрово слетаа на аеродромот во Палу носејќи повеќе тони хуманитарна помош. На авионите пишуваше „Помош за претседателот на Република Индонезија“.

Пет дена по катастрофалниот земјотрес и цунамито, еруптираше и вулканот Сопутан, кој се наоѓа во северниот дел на островот, на околу 600 километри североисточно од Палу. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести