АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини додека пак на граничните премини “Богородица” и “Табановце” има зголемена фреквенција на возила и за излез од државата се чека од 15 до 30 минути.
Од АМСМ препорачуваат внимателно возење прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево / Виница – Берово / Гостивар – Стража / Маврово – Дебар – Струга / Демир Капија – Удово / Катланово – Велес / Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.